Контакт

Вести

Најмалку 38 загинати во падот на иранскиот авион

Објавено пред

Во падот на малиот ирански патнички авион од типот „Iran-140“ на иранската воздухопловна компанија „Sepahan Airlines“ на летот од главниот град Техеран кон источниот град Табас во неделата наутро, кој веднаш по полетувањето паднал на пат и парк во близина на аеродромот „Мехрабад“, загинати се најмалку 39 а повредени се 9 лица, соопштија иранските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Првично беше јавено дека во несреќата загинале си те 40 патници и осумте членови на екипажот, меѓутоа подоцна ирачките медиуми јавија дека има преживеани во трагедијата.

Новинската агенција на Исламската Република (IRNA) пренесува дека преживеале осум или девет патници, а повикувајќи се на лекар од брзата служба извести дека еден од преживеаните дошил при свест. Државната телевизија, пак, јавува за 38 жртви и 10 повредени кои во критична состојба се префрлени во болниците во Техеран. Иранската студентска новинска агенција (ISNA) известува дека пет лица од урнатиот авион биле префрлени во болница, но додава дека лекар од болницата „Имам“ соопштил дека тие починале.

Управата за цивилен воздушен сообраќај на Иран објави дека меѓу патниците имало две бебиња и три деца помлади од 12 години.

Пилотот открил технички проблеми четири минути по полетувањето и скршнал од курсот кон запад во обидот да се врати на аеродромот во Техеран, меѓутоа двомоторниот турбопропелерскиот авион се урнал на патот крај парк во 9,18 часот по локално време (6,48 по македонско време) во близина на квартот Азас, но на земја нема жртви и повредени, пренесува Press TV повикувајќи се на државната телевизија..

Иранската цивилна авијација којашто опслужува пазар од 76 милиони луѓе трпи последици од меѓународните санкции наметнати од Западот, што се одразува и врз безбедноста во воздушниот сообраќај. Авионите, имено, се одржуваат со купување делови на црниот пазар. Така, четирите најголеми ирански воздухопловни компании „Iran Air“, „Iran Aseman Airlines“, „Mahan Air“ и „Iran Air Tours“ поседуваат воздухоплови стари и по 22 години.

Поради западните санкции коишто им забрануваат меѓу другото на странските компании да ја снабдуваат Исламската Република со авиони и резервни делови, почна со развивање свој патнички авион. Во 2000 година Иран ја купи лиценцата за производство на авионот од типот „Антонов Ан-140“, врз чија база во 2003 година беше создаден првиот ирански патнички авион „Iran-140“, кој може да превезе до 52 патници, а неговата сигурност досега не беше доведувана во прашање.

Минатата 2013 година, Иранската организација за воздухопловна индустрија (IAIO) соопшти дека се развива нов тип патнички авион наменет за домашните летови „Iran-141“ Изградбата на првиот авион од новиот тип требаше да започне во март 2014 година.

Најголемата авионска несреќа во Иран во последно време се случи во јануари 2011 година, која патнички авион се распадна во обидот принудно да слета во снежна виулица во северозападниот дел од Иран, која загинаа 77 луѓе. Во јули 2009 година авион се уран, исто така, во северозападниот дел на земјата, кусо време по полетувањето од Техеран при што загинаа сите 168 лица во воздухопловот. Една од најтешките авионски несреќи во Иран се случи во февруари 2003 година, во југоисточните области, кога се урна авион од типот „Илушин Ил-76“, при што загинаа 302 патници и членови на екипажот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува по канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 час

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет3 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет3 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија6 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа7 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет7 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет13 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија14 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија15 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ17 часа

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет19 часа

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија23 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија1 ден

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија1 ден

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија1 ден

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...