Економија
Новиот „пасат“ е најдобар бизнис-автомобил за 2019 година
Успешнo лансирање нa новиот „пасат“! Само неколку недели по претставувањето, новиот „пасат“ ја освои наградата „Најдобар бизнис-автомобил за 2019 година“. Новото издание на овој бестселер на Volkswagen, веќе го обезбеди првото место на важните компаративни тестови, истакнувајќи дека новиот „пасат“ е исто така меѓу најдобрите бизнис-модели на пазарот.
Наградата „Најдобар бизнис-автомобил“, иницирана од уредничкиот тим на AUTO BILD според изборот на читателите, ја доби новиот „пасат“ во обемната категоријата „Автомобили со средна големина“. Моделот „пасат“ е возило по кое сите возила во оваа категорија се споредуваат. Списанието AUTO BILD пишува: „Овие бизнис-автомобили претежно се возат на националните патишта и автопати, како и на подолги патувања. Мноштвото на системи за безбедност и врвниот комфор на возачот и патниците ги прават долгите патувања многу попријатни и побезбедни.”
Есенцијата на новиот „пасат“ е во деталите, како што се LED предните и задни светла, адаптивниот темпомат, помош за задржување на лента Lane Assist, предупредување при ризик од фронтален судар со можност за автономно сопирање Front Assist, систем за детекција на пешаци, најновиот инфозабавниот систем, вклучувајќи и интерфејс за мобилен телефон, поврзување со паметни телефони преку App Connect и многу мобилни услуги преку интернет, новиот Passat нуди одличен сооднос на цена и перформанси.
Моторите на „пасат“ се ефикасни и одржливи, од турбо бензински мотори (TSI) преку турбо дизел-мотори (TDI) до моделот Passat GTE со хибриден погон (160 kW / 218 КС). Во компаративно тестирање од реномирани списанија за автомобили, новиот „пасат“ повторно се искачи на врвот. Два примери: Во AUTO ZEITUNG тестот, моделот Passat 2.0 TDI со 140 kW/190 ги победи своите клучни конкуренти. Како што пресудуваат оценувачите: „Со преземените мерки за одржување, моделот ‘фолксваген пасат’ ја зацементира својата доминантна позиција во категорија на автомобили со средна големина.„Во споредбата што ја изврши AUTO BILD, и моделот Passat 2.0 TSI со 140 kW/190 го зазема највисокото место. Членовите на панелот ги сумираа неговите квалитетни карактеристики на следниов начин: „Простран внатрешен простор на возилото, балансирани возни карактеристики, фантастична мултимедија и безбедност“. Накусо: совршен бизнис-автомобил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

