Регион
Во Задар осамна најморбидниот графит против Србите во Хрватска
Во Задар осамна дегутантен графит со кој се повикува на колење на Србите и хранење на мачките со нивните органи, пренесува „Задар њуз“.
„Откако Задар во последните 365 дена стана топ-тема на локалните, националните, а од денес и светските медиуми поради насилството, расизмот и национализмот, а за срам на сите нас во Били Брег, некој го напишал можеби најдегутантниот графит на сите времиња“, пишува хрватскиот портал.
„Заколи го Србинот и извади му ги органите зашто мачките во квартот се гладни“, веќе неколку дена стои напишано на ѕидот на една зграда.
„Локалната власт, конкретно комуналната служба на Град Задар, очигледно не го смета за спорен овој графит покрај кој секојдневно поминуваат децата кога одат на училиште“, вели еден жител на задарски Били Бриг за порталот.
Инаку, во понеделникот беше објавено дека двајца геј афроамерикански војници биле брутално претепани во Задар во саботата во клубот „Опера“ откако почнале да танцуваат пред насобраните гости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

