Регион
Двегодишно момченце прва мигрантска жртва во 2016-та

Двегодишно момченце од Сирија е првата бегалска криза којашто го загуби животот во несреќа на море во 2016 година, кога гумен чамец со 35 бегалци во саботата се насукал на острите карпи на грчкиот остров Агатониси, објави невладиното здружение Migrant offshore Aid Station (MOAS).
Халид, двегодишното сириско момченце кое патувало во Грција со својата мајка, загинал кога гумениот чамец удрил во карпите во Егејското Море, при што 11 бегалци биле повредени, пренесува агенцијата DPA.
Migrant offshore Aid Station (MOAS), здружение за спасување на имигрантите чие седиште е на Малта, кое од неодамна започна операции на спасување во грчите води, соопшти дека имигрантите издржале пет часа во разбрануваното море сé додека нивниот чамец не се насукал.
Тримесечно бебенце е силно настинато во истата несреќа, но неговата состојба е стабилизирана, соопшти здружението.
„Ништо не може да ве подготви за ужасната стварност. Денеска се соочивме со најмладата жртва на бегалската криза. Тоа е трагичен потсетник на илјадниците луѓе кои умреа во обидите во бедните услови да стигнат на сигурно“, изјавил еден од основачите на MOAS
Повеќе од 3.770 имигранти и бегалци во 2015 година ги загубија животите во обидот да дојдат до богатите земји во Европската унија преку Средоземното Море, со што штотуку изминатата година стана најсмртоносната откако се бележат податоците за лицата коишто бараат спас од конфликтите и сиромаштијата, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.