Македонија
Заев ѝ одговори на Јанкулоска: Не објавивме ништо за А1 телевизија, бидејќи немавме материјали
Во продолжението од сведочењето на премиерот Зоран Заев во случајот „Таргет – Тврдина”, прашање му постави ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа го праша Заев врз основа на неговото сведочење, дали е точно дека за некои периоди немаат добивано бомби и материјали во партијата.
Заев рече дека имало денови кога воопшто не добивале во партијата од следената комуникација.
„Не објавивме ништо за А1 телевизија, бидејќи во тој период имаше празнина во денови, односно не ни беа доставени материјали и разговори. Пример од 1 до 17 во месецот, се гледа дека 18, 19, 24 во месецот воопшто нема материјали”, рече Заев и дополни дека било невозможно да се земат сите прислушувани материјали.
Мијалков и другите обвинети бараа одлагање на рочиштето за да се подготват за вкрстено испитување, но тоа не им беше одобрено. На следното рочиште ќе бидат испитани двајца сведоци.
Досега како сведоци во предметот беа сослушани инженерите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, Сашо Трајковски и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.
Обвинети се 12 лица, меѓу кои поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, тогашнииот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски.
Обвинетата Елена Џиланова призна вина и доби условна казна затвор. Првото рочиште за предметот се одржа на 22 декември 2017 година. Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

