Македонија
Тарнер: Северна Македонија не е сама на патот на одбранбените реформи
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Брисел, пред почетокот на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, се сретна со помошник-генералниот секретар на Алијансата за одбранбена политика и планирање, Патрик Тарнер.
„Северна Македонија останува посветена на стратегиските цели, како членството во НАТО, и затоа сме целосно насочени кон одбранбените реформи и особено развојот на Лесната пешадиска баталјонска група“, рече министерката на состанокот.
Шекеринска додаде дека определбата на земјата за раст на одбранбениот буџет за 0,2 проценти годишно, до бараните 2 проценти од бруто-домашниот производ до 2024 година се реализира и дека тоа е дел и од стратегиските документи на Министерството, како Долгорочниот план за развој на одбранбените способности.
Помошник-генералниот секретар Тарнер изрази задоволство што Северна Македонија наскоро ќе биде 30. земја членка, информираат од ресорното министерство.
Тој истакнал дека земјата не е сама на патот на реформите и дека НАТО ќе продолжи да ја дава сета своја поддршка во овие процеси. Тарнер информирал дека НАТО ги следи сите одбранбени реформи, вклучително и растот на одбранбениот буџет, особено имајќи предвид дека земјата влегува во фаза на дефинирање на новиот пакет на цели како идна полноправна земја членка.
Денешните активности на министерката Шекеринска продолжуваат со учеството на првиот од серијата состаноци на Северноатлантскиот совет посветен на операциите и мисиите на алијансата, како и со повеќе билатерални средби со министри за одбрана на земји членки на алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.