Спорт
Мурињо ја одбил понудата од Дортмунд
Жозе Мурињо ја одбил понудата да го преземе тимот на Борусија Дортмунд, објави новинарот Диего Плаза. Португалецот не бил заинтересиран за преселба во Дортмунд, бидејќи сакал да води клуб што имал многу поголеми амбиции.
„Билд“ пред неколку дена објави дека Мурињо забрзано учел германски и се подготвувал да го замени Лусиен Фавр во Борусија. Челниците на „милионерите“ не биле задоволни од резултатите што ги постигнува Фавр со талентираниот тим што го има на располагање.
Наводно Мурињо имал желба да се врати во Реал Мадрид, каде тренер е Зинедин Зидан. Португалецот со Реал од 2010 до 2013 година освои три трофеи (Ла Лига, Копа дел реј и Суперкупот на Шпанија).
Жозе Мурињо е без работа од декември минатата година кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе израмни рекорд на Кристијано Роналдо
Килијан Мбапе го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо додека играше за Реал Мадрид.
Францускиот фудбалер беше двоен стрелец на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол.
Го израмни рекордот на Португалецот, разликата е само што Роналдо постигна 19 гола во осум последователни натпревари, додека Мбапе стигна до бројката од десет гола.
Следниот рекорд би можел да биде ако Мбапе постигне гол против Елче и Џирона.
Откако пристигна во шпанската престолнина, светскиот шампион од 2018 година одигра 73 натпревари, со учинок од 62 гола и седум асистенции.
Спорт
Дончиќ доминира во НБА – Најголем број постигнати поени во првите четири натпревари од 1962 година
Лука Дончиќ блеска на почетокот на НБА сезоната, прва што ја игра во Лејкерси од самиот почеток. Тимот, кој сè уште е без Леброн Џејмс, го предводеше до домашна победа од 130:120 над Мајами Хит.
И кога Дончиќ шутира под просекот од поле (9/22) и катастрофално за тројки (1/11), успева да постигне учинок за историјата на најсилната лига.
Дончиќ влезе во историјата и покрај лошиот шут од поле. Го надомести тоа со 10 од 12 погоден слободни фрлања, натпреварот го заврши со 29 поени. Словенецот го запиша првиот трипл дабл во сезоната, на 29-те поени им придодаде 11 скокови и 10 асистенции.
Дончиќ ја отвори сезоната со 43 поени против Голден Стејт, по што ја наполни Минесота со 49 поени. Потоа, по пауза од три натпревари поради повреди на прстите и ногата, тој се врати со 44 поени против Гризлис.
Luka Doncic through 4 games:
41.3 PPG
11.5 RPG
8.3 APG
67.2% TS pic.twitter.com/W0zCXS0Pvl— Real Sports (@realapp) November 3, 2025
НБА откри на официјалните канали дека Дончиќ му се придружил на Вилт Чемберлен. Овие двајца се единствените во историјата на најсилната лига што ја отвориле сезоната со три последователни натпревари во кои постигнале 40 поени. По пат, Дончиќ стана првиот НБА играч од 1961 година што отворил сезона со три натпревари со повеќе од 40 поени.
Сега, со 29 поени против Мајами, тој ја принуди најсилната лига во светот повторно да посегне по архивите за да најде кога последен пат некој ја отворил сезоната вака.
„Дончиќ постигна 165 поени во првите четири натпревари од сезоната. Тоа е најмногу од Вилт Чемберлен во 1962 година.“
По пат, Дончиќ стана рекордер за Лејкерси. Кон крајот на натпреварот против Мајами, статистиката откри во преносот дека тој ги надминал Џери Вест, Коби Брајант, Остин Ривс и Елгин Бејлор со неверојатен број поени во првите четири натпревари.
Luka Doncic has the most points through 4 games to start a season in Lakers history.#LakeShow pic.twitter.com/1vsjoKE3ki
— 🎗NBA•Fan🎗 (@Klutch_23) November 3, 2025
Покрај Дончиќ во победата над Мајами се истакнаа Остин Ривс со 26 поени и 11 асистенции и Џејк ЛаРавија со 25 поени и осум скока. Кај Мајами, најистакнат беше Хаиме Хакез со 31 поен и осум скока.
Спорт
(Видео) Павловиќ и Мењан за триумф на Милан над Рома
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот.
Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата.
Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент.
Во финишот од натпреварот, во 82-та минута, Пауло Дибала не реализираше пенал. Мајк Мењан го одбрани неговиот удар.
Со оваа победа, Милан се изедначи на табелата со Рома и Интер. Овие три екипи имаат по 21 бод, еден помалку од лидерот Наполи.
Во следното коло, Милан ќе гостува кај Парма, додека Рома ќе го пречека Удинезе.
Foto/ EPA

