Македонија
Експерти во Скопје ќе дебатираат за заштитата на животната средина

Денеска со почеток во 10 часот во хотел „Мериот“, а во организација на Асоцијацијата на чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА), ќе се одржи конференцијата на тема „Зазеленување на однесувањето кон животната средина во Западен Балкан”.
Во дискусиите ќе учествуваат 12 домашни и странски експерти кои дејствуваат во различни аспекти на заштитата на животната средина. Меѓу говорниците од целиот регион, како и Велика Британија и Мексико, за првпат кај нас ќе се обрати и претставник од Гринпис Бугарија, огранокот на престижната меѓународна организација кој го покрива регионот.
Како дел од овој настан, во 15:30 часот ќе се одржи и посебна информативна сесија за идните стипендисти, каде заинтересираните за аплицирање ќе можат да дознаат повеќе за можностите за аплицирање за чивнинг стипендијата за магистерски студии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште.
Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме.
Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, објави Мицкоски.
Македонија
Николоски во Атина: во фокусот економската соработка меѓу двете земји и подобро регионално поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Атина, каде ќе оствари работни средби со високи претставници на Владата на Грција.
Во рамки на посетата, планирана е средба со вицепремиерот Костис Катзидакис, министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис.
Исто така предвидена е средба и со менаџментот на пристаништето Пиреа.
На средбите предвидено е да се разговара за економската соработка меѓу двете земји, како и за подобро регионално поврзување.
Ќе се разговара и за изградбата на брзата пруга на коридорот 10, што многу ќе приоднесе за развој на трговијата и размената меѓу двете држави, а ќе преставува и главен крвоток за поврзување на грчките пристаништа со Централна Европа.
Во рамки на средбите планирано е да се отворат теми за унапредување на сообраќајот на Коридор 10 и 10 -д, зголемување на ефикасноста во патниот и железничкиот транспорт, за промовирање на ависообраќајот, како и унапредување на регионалната соработка.
Македонија
Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, политичари и бандити, најави ВМРО-ДПМНЕ

Со судството и обвинителството во Македонија, како што велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, раководи кланот Заеви и кланот Ахмети.
Тие, според партијата на Мицкоски, се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено.
„Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех.
Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи.
Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен.
Укажувавме, повикувавме, апелиравме, молевме, но безуспешно“.
Народот, според ВМРО-ДПМНЕ, е разочаран.
Апатијата, како што оценуваат се зголемува.
„Довербата во правна држава ја нема. Надежта се губи.
Нема да го дозволиме тоа. Ќе биде или тие или Македонија. Или тие сите криминалците без разлика на политичка и етничка припадност на една страна, или ние со народот на другата.
Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, и политичари и бандити“.