Црна хроника
Маж од Демир Хисар ги претепал своите родители
Против 29-годишно лице од селото Обедник, Демирхисарско, поднесена е кривична пријава.
МВР јави дека пред две недели во својот дом тој физички ги нападнал родители Ј. С. и Ј. Т., при што им нанел тешки телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повредени полицајци: со возило на МВР се судриле со друго возило
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во викенд куќа во Светиниколско
Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
Црна хроника
Малолетник осомничен за силување малолетничка во Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава против малолетник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Пријавениот, во текот на месец март оваа година, на место викано „Чамефлик“, извршил обљуба врз малолетничка која претходно преку социјална мрежа ја повикал на средба, информираат од полицијата.