Контакт

Вести

Поранешен агент на CIA смета дека САД ‘ќе платат’ за извештајот за мачењата

Објавено пред

Одлуката на претседателката на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, Дајан Фајнстајн, да го објави извештајот за примената на ткн засилени техники на испрашување на осомничените за тероризам од страна на Централната разузнавачка агенција (CIA), ќе треба „да се плати со животите на Американците“, смета поранешниот висок соработник на агенцијата, Гари Бернтсен, пишува во неделата порталот The Hill.
 

dobivaj vesti na viber

Одлуката на претседателката на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, Дајан Фајнстајн, да го објави извештајот за примената на ткн засилени техники на испрашување на осомничените за тероризам од страна на Централната разузнавачка агенција (CIA), ќе треба „да се плати со животите на Американците“, смета поранешниот висок соработник на агенцијата, Гари Бернтсен, пишува во неделата порталот The Hill.

 

„Се одлучувате да им дадете на Исламската држава и на Фронтот ан-Нусра големо количество информации и ефикасни операции (…) На крајот, тоа ќе мора да се плати со животите на Американците“, изјавил во радио интервју Бернтсен, поранешен шеф во CIA одговарајќи на прашањето на што би ја предупредил Фајнстајн пред изработката и објавувањето на извештајот во јавноста.

Поранешниот припадник на CIA, исто така, остро ја напаѓа демократската сенаторка Фајнстајн од Калифорнија, велејќи дека нејзината одлука за објавување на извештајот силно го поткопува угледот на Агенцијата во целиот свет.

„Овој извештај е деструктивен, бидејќи ги изложува сите ‘валкани алишта’ на Агенцијата (…) Немаше избалансиран пристап кон извештајот. Тоа ќе им наштети на нашите односи со странските разузнавачки служби во целиот свет“, заклучува Бернстен.

За Бернтсен порталот наведува дека помогнал во одговорот на CIA по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2011 година. Своите забелешки ги изнел во отворена радио емисија во неделата како реакција на сличните коментари на ветераните од CIA, како на пример, поранешниот директор Макл Хајден или поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Во понеделникот сенатската комисија објави извештај на 525 страници, што е всушност прочистен материјал од вкупно 6.000 страници сведоштва за свирепите методи на испрашување на осомничените во периодот од 2002 до 2009 година, за грабнувања во странство на осомничените и нивно испрашување во тајни затвори во странство, во кој се заклучува дека CIA ги лажела властите и јавноста. Притоа се заклучува дека таквите методи не успеале да доведат до сознанија со коишто би била спречена некоја подоцнежна реална закана.

Во неделата по оваа тема се огласи во медиумите и поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, кој застана во одбрана на техниките на измачување над осомничените припадници на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, фалејќи ги агентите на CIA кои ги спроведувале таквите испрашувања нарекувајќи ги „херои“.

„Мојата совест е сосема мирна: тие (агентите) треба да бидат фалени, тие би требало да бидат одликувани“, изјави за телевизиската мрежа NBC News, дик Чејни, кој на должност беше во периодот од 2001 до 2009 година за време на републиканскиот претседател Џорџ В. Буш, кога биле спроведувани тие испрашувања.

И покрај заклучоците од извештајот за неефикасноста на преземените методи, за Чејни тие испрашувања под мачење „совршено функционирале“.

Поранешниот потпретседател на САД и претходно го изрази своето несогласување со заклучоците, изјавувајќи во средата дека извештајот е „полн со глупости“. „Мислам дека извештајот е жалосен. Ми изгледа нецелосен. Не се потрудиле да ги испитаат клучните луѓе вмешани во таа програма“, вели Чејни.

Актуелниот директор на CIA, Џон Бренан, именуван во мандатот на демократскиот претседател Барак Обама, исто така, во четвртокот изјави дека не се согласува со сенатскиот извештај. Призна дека агентите по 11-ти септември користеле „грозни“ методи, но истакна дека е невозможно да се зборува за тоа дали тие биел корисни за собирање информации. Нагласи, исто така, оти биле спроведени многу реформи за да се избегне тоа да се повтори./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија8 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија8 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија9 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија11 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија12 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија13 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија13 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет16 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија18 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија19 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет20 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет20 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија22 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...