Спорт
Астон Вила издржа едно полувреме со Сити, следуваше потоп (видео)

Шампионот на Англија, Манчестер Сити рутинирано, со 3-0 славеше триумф против екипата на Астон Вила во рамки на 10. коло од Премиерлигата.
„Граѓаните“ имаа иницијатива, создаваа шанси и во првото полувреме, но на паузата се отиде со 0-0.
Бедемот на гостите кој функционираше 45 минути, попушти во првата минута од второто полувреме. Рахим Стерлинг начека една топка на дваесеина метри од противничкиот гол која дефанзивците на Вила не ја расчистија, па го матираше голманот Хитон за 1-0. Ова беше негов 13-ти во 14-тиот меч сезонава.
Белгиецот Кевин Де Брујне во 65 минута стрелаше од левата страна кон голот, никој не ја допре топката, па таа го измами противничкиот голман и заврши во мрежата. Судиите гледаа ВАР снимка, но откако се утврди дека никој не играл со топката на патот кон голот, го признаа погодокот.
Крај на сите дилеми дека бодовите ќе останат на „Итихад“ стави Илкај Гундоган во 70. минута кога умешно стрелаше по еден корнер и мешаница во шеснаесетникот на Астон Вила.
Манчестер Сити ја забележа седмата овосезонска победа во Премиерлигата со која сега има 22 бода, 3 помалку од Ливерпул кој е на чело на ПЛ со натпревар помалку од конкурентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Борусија Дортмунд одлучи да ги заостри протоколите во соблекувалната и им забрани на сите членови на семејствата на фудбалерите влез во таа зона. Клубот се реши на ваков чекор, по инцидентот што го направија родителите на Џоб Белингам во саботата.
Дортмунд имаше предност во дуелот со Сент Паули од 3:1 во 85-та минута од натпреварот, но не успеа да победи. Дуелот заврши со резултат 3:3.
Тензијата по натпреварот, само ја зголемија родителите на Џобе Белингам, Марк и Дениз, кои биле незадоволни откако го видоа својот син како останува во соблекувалната на полувремето.
Тие го чекале во тунелот по завршувањето на натпреварот раководството на Дортмунд за да се соочат со нив. Според новинарите на „Скај Спортс Германија“, Марк Белингам прво имал емотивен разговор со спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел.
Тој ја изрази својата фрустрација од од одлуката на тренерот неговиот син да остане во сблекувалната по првите 45 минути. Но, според овој извор, си зел за право да ги критикува играчите на тимот за кој игра неговиот син.
„Билд“, објави дека Марк Белингам побарал итен состанок со тренерот Нико Ковач.
Џоб Белингам е помалдиот брат на играчот на Реал, Џуд. Тој пристигна во Дортмунд од Сандерленд ова лето за 32 милиони фунти.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Тотенхем тргна по потписот на Инкапие, Арсенал би можел да му го украде
Арсенал е подготвен да му зададе уште еден тежок удар на Тотенхем. Во финишот на преодниот рок Арсенал се распрашува за Пјеро Инкапие. Еквадорецот кој може даигра како лев бек, но и како лев стопер е на радорот на Тотенхем.
Тотенхем се обидува да се засили во финишот на преодниот рок. Мета им е Инкапие, клубот е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор од 60 милиони евра.
„Скај Спортс“, тврди дека за Еквадорецот постои интерес и кај Арсенал, бидејќи во клубот работата на трансферите на неколку играчи од одбраната (Зинченко, Виеира, Нелсон).
Минатата недела, Арсенал го „украде“ Ечебери Езе од Кристал Палас, со кого Тотенхем веќе имаше постигнато договор.
Инкапие има уште четири години од договорот со Баер, а германскиот клуб сака да го задржи. Но, „Скај Спорт Германија“ пишува дека 22-годишниот Еквадорец одлучил да го напушти Леверкузен.
Инкапие е уште еден играч од најславната генерација на клубот од Леверкузен кој ова лето сака да замине. Претходно Баер го напуштија голманот Храдецки, капитенот Тах, Вирц, Џака, Фримпонг, Адли.
Спорт
Сака ќе го пропушти, а Едегор под знак прашалник за дербито со Ливерпул

Крилниот напаѓач на Англија, Букајо Сака, ќе го пропушти натпреварот на Арсенал од Премиер лигата против Ливерпул во недела и квалификациските натпревари на Англија за Светското првенство против Андора и Србија следниот месец поради повреда.
Сака ја повреди тетивата во саботата, во победата на домашен терен против Лидс Јунајтед (5:0). Првите проценки се дека крилниот напаѓач нема да може да игра до четири недели, објавува Би-би-си. Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од минатата сезона по операција на десната тетива.
Капитенот на Арсенал, Мартин Едегор, е исто така под знак прашалник за натпреварот на „Енфилд“ поради повреда на рамото заработена во победата против Лидс. Едегор изгледаше во болка кога беше заменет во првото полувреме, поради повреда на рамото.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN