Црна хроника
Момче нападнато во угостителски објект во Скопје

По полноќ во Полициската станица Центар, Г.П.(26) од Скопје пријавил дека во угостителски објект на ул.„Максим Горки“ во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сопруга на затвореник од Идризово се обидела да пренесе забранети предмети

Претрес на пакет за осуденикот Е.А. (38) од Скопје откри мобилен телефон.
Настанот се случил во затворот во Идризово, а пакетот бил донесен од неговата сопруга.
Исто така, велат од МВР, таа се обидела да пренесе и марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.