Контакт

Вести

IS контролира помалку од половина на Кобане, и го зазема штабот на Курдите

Објавено пред

Џихадистите од Исламската држава (IS) го заземале во петокот штабот на курдските бранители на сирискиот град Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски јазик), и имаат под контрола најмалку 40 отсто од овој град кој е во непосредна близина на границата со Турција и има големо стратешко значење.

dobivaj vesti na viber

Три седмици по почетокот на офанзивата од 16-ти септември на Исламската држава овој трет по големина курдски град во северна Сирија, џихадистите на северниот раб на Кобане од турската граница оддалечен само километар, а нивното напредување не успеаја да го сопрат, па ниту особено да го попречат воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД. Американската армија соопшти во петокот дека изминатите два дена извеле девет воздушни удари во Сирија, од кои седум врз позициите на џихадистите кај Кобане, два на полигони за обука, два врз помали единици на Исламската држава, два врз возила и еден тенк, и еден напад североисточно од градот.„Ја преземаа контролата над ‘безбедносниот квадрант’ во кој е воениот комплекс на Единиците за заштита на народот (YPG, главната курдска воена формација во Сирија), седиштето на локалната самоуправа и база на Асајехите (курдска милиција во Сирија)“, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Лондон, а информациите ги добива од извори во сириската сунитска вооружена опозиција, од болнички извори и од мрежата свои активисти на теренот.Информацијата за тоа дека под контрола на џихадистите се 40 отсто од Кобане во Лондон ја изнесе и заменикот на американскиот советник за национална безбедност, Тони Блинкен, пренесуваат агенциите.„Не знам што ќе се случи, бидејќи таму нема копнени сили, а само со воздушни удари ќе биде тешко да се спречи Исламската држава евентуално да го заземе градот“, рекол Блинкен во изјава за медиумите и додал дека „во Ирак секој ден има уште Кобане-а, а ги има и во Сирија“.Џихадистите го напаѓаат Кобане од три страни, а последните денови применуваат тактика за да ги збунат коалициските авиони, и не се движат во конвои, муницијата ја префрлуваат со мотоцикли и користат цивилни возила на коишто ставаат курдски знамиња.Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан Де Мистура во Женева ја повика Турција да „им дозволи на доброволците влегувањето во градот за да им се приклучат на бранителите“, бидејќи Анкара засега не им дозволува на бегалците од Сирија коишто се на нејзина територија да се вратат преку границата. Де Мистура, кој изрази стравувањето дека во Кобане ќе се случи масакр сличен на оној во Сребреница, укажа на фактот дека Исламската држава, доколку го заземе градот, ќе има под своја контрола повеќе од 400 од вкупно 900 километри од границата меѓу Турција и Сирија.Сириските Курди, пак, од Турција бараат само да ја отвори границата за да им се достави оружје, бидејќи она со коешто располагаат во Кобане е премалку и преслабо за сериозен отпор на побројните и потешко вооружени џихадисти.Турција е и под притисок на САД, кои бараат од Анкара поактивно да се вклучи во борбата против Исламската држава, па се согласи да го поддржи обучувањето и опремувањето на припадниците на вооружената сириска опозиција којашто ја поддржува Западот во борбата против силите на владата на претседателот Башар ал-Асад кој турската држава за тоа ја обвинува уште од март 2011 година кога почна бунтот за негово соборување од власта. Претходно во петокот американскиот Стејт департмент соопшти дека следната седмица тим од американски воени експерти ќе допатува во Анкара за таа обука што побрзо да биде разработена.„Турција се согласи да даде поддршка на напорите за обука и опремување на умерената сириска опозиција“, изјави портпаролката на американската дипломатија Мари Харф, појаснувајќи дека следната седмица во Турција ќе отпатуваат два високи функционери на американското министерство за одбрана./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ59 минути

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија2 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија4 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија4 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ5 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија7 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија7 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија8 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ9 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ10 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија10 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион10 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа12 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион13 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија13 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија13 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија1 ден

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...