Регион
Не стивнува говорот на омраза, нов графит против Србите во Сплит

Нов графит со говор на омраза кон Србите осамна во центарот на Сплит, а авторот на белиот ѕид напишал: „Напролет кога цветаат врбите, ќе правиме паприкаш од Србите“. Графитот, според пишувањето на хрватски „Индекс“, осамнал во Личката улица.
Ова е најнов во низата графити со говор на омраза, кои во последно време се појавуваат во Хрватска, најчесто токму во Сплит.
Кон крајот на септември во Сплит се појавија и графитити: „Убиј го Србинот“, „Новинари црви, да ви е*** мајката“, а неколку дена подоцна низата беше дополнета со нови графити, меѓу кои кои и усташкото „У“.
Ноќта кон 1 октомври во центарот на Сплит, во улицата„Чајковски, во близина на седиштето на навивачите на „Хајдук“, се појави графитот „Новинари Срби“, а пред неколку дена во Задар се појави графитот „Заколи го Србинот, извади му ги органите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.