Свет
Џо Бајден не добил причесна поради својот став кон абортусот
Свештеник во црква во Јужна Каролина одбил да му даде причесна на поранешниот потпретседател на САД од редовите на американските демократи, Џо Бајден, поради неговиот став кон абортусот, пренесува „Спутник“.
Според информациите на „Саут Керолајна морнинг њуз“, инцидентот се случил во градот Флоренс. Отецот Роберт Е. Мори изјавил за локалниот весник дека морал да одбие да му даде света причесна на поранешниот потпретседател Бајден.
„Светата причесна значи дека сме едно со Бога, со другите и со Црквата. Нашите постапки треба да го одразуваат тоа. Секоја јавна личност, која се залага за абортус, се става себеси надвор од црковно учење. Јас ќе се молам за господинот Бајден“, рекол свештеникот.
Канцеларијата на Бајден не ја коментира одлуката.
Бајден, кој е единствениот католички кандидат од Демократската партија на претстојните избори, не добил причесна бидејќи Римокатоличката црква смета дека човечкиот живот е свет од моментот на зачнувањето.
Летово Бајден објави дека е против нацрт-законот за забрана за употреба на федерални средства за абортуси кога се соочи со сериозни критики во својата партија. Бајден мораше да се откаже од својот децениски став за ова прашање и изјави дека жените мора да имаат целосен и фер пристап до репродуктивната нега, вклучително и до абортусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.
Свет
Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.
Свет
(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви
Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина.
Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, соопштија локалните власти.
Осумнаесет автомобили паднаа по падина откако се урна дел од автопатот, соопштија властите во градот Меиџоу во провинцијата Гуангдонг. Инцидентот се случил околу 02:00 часот. Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека слушнале силна бучава и виделе дупка отворена неколку метри зад нив, откако оделе дел од патот непосредно пред да се урне.
May 1: a section of the Meilong Expressway (梅龙高速公路) in Guangdong province collapsed at around 2:10am, and 18 vehicles fell into the sinkhole.
31 people were rescued and sent to the hospital. One of them died afterwards…https://t.co/X6QY2zwKdshttps://t.co/cKcJF8YwLB pic.twitter.com/8cUgXonCGR
— Byron Wan (@Byron_Wan) May 1, 2024
Видеото и фотографиите во локалните медиуми покажуваат чад и оган на местото на настанот. Спасувачите превезоа 30 лица во болница, објави државната телевизија CCTV.