Свет
Руската воена полиција патролира по три рути во близина на сириско-турската граница
Конвои на руската воена полиција патролираа по должината на сириско-турската граница во понеделникот по три рути, изјави генерал-мајор Алексеј Бакин, началник на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, пренесува ТАСС.
„Руските воени полицајци ја продолжуваат својата мисија да помогнат да се обезбеди сигурност за населението и да се одржат законот и редот, да се спроведат патроли во одредените области и да се олесни повлекувањето на курдските единици за самоодбрана и нивното оружје на оддалеченост од 30 километри од сириско-турската граница. На 28 октомври конвои на руската воена полиција спроведоа патроли во три правци: Каракозак – Кобани – Коран и назад, Кумашли – Факира и Ќамишли – Семалка“, рече тој.
На 22 октомври рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, потпишаа меморандум за заеднички активности во североисточна Сирија. Според договорот, руската воена полиција и сириската војска се распоредени во областите во непосредна близина на зоната на турската операција во Сирија од пладне на 23 октомври.
На курдските вооружени единици им беа дадени 150 часа да го напуштат појасот широк 30 километри по должината на турската граница по што руските и турските сили почнаа со заеднички патроли во областа.
Рускиот центар за помирување продолжува да ги исполнува зададените задачи по завршувањето на воената кампања во Сирија. Службениците на центарот редовно патуваат низ ослободените области на земјата за да ја проценат хуманитарната состојба.
Главните напори на руската војска сега се насочени кон помош на бегалците што се враќаат во своите домови и евакуација на цивилите од зоните на деескалација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

