Македонија
Косовските власти не знаат каде e обвинетиот во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ
Министерството за правда добило одговор дека косовските власти не знаат каде се наоѓа Африм Исмаиловиќ, кој е обвинет во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година.
„Добивме информација од страна на Министерството за правда на Косово дека добиле одговор од надлежниот јавен обвинител дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ“, се вели во соопштението на македонското Министерство за правда.
Од таму велат дека ќе испратат ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на Исмаиловиќ и негова екстрадиција со цел да биде изведен пред лицето на правдата.
Пред една недела косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство, ќе бидат екстрадирани кога ќе бидат завршени сите законски процедури во Косово.
Министерството за внатрешни работи во мај 2012 година распиша потерница по овие две лица. Двајцата бегалци во Косово беа осудени на затворски казни за трговија со оружје и кога ја издржаа казната беа, пуштени да се бранат од слобода.
Во август минатата година Министерството за правда ја почна постапката за нивна екстрадиција. Тие се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство. Со првостепената одлука на Основниот суд Скопје 1, Исмаиловиќ и Демири во отсуство се осудени на доживотни затворски казни, а пресудите им беа укинати од Врховниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

