Македонија
Џафери се сретна со постојаниот координатор на ООН, Росана Дуџак
На денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со постојаниот координатор на ООН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, беа разменети повеќе информации и идеи за тоа како да се продлабочи соработката меѓу органите и телата на ООН и Собранието на Република Северна Македонија.
Претседателот Џафери го потенцира фактот дека нашето членство во ООН од 1993 година, па до денес, се темели на почитување на основните принципи и постулати на Повелбата на ООН. Исто така, тој истакна дека нашата комуникација со органите на ООН во континуитет се зајакнува со активен ангажман и придонес во сите специјализирани агенции, програми и фондови од системот на ООН. Во таа насока претседателот Џафери ја искажа својата благодарност за придонесот на агенциите на ООН, како што се: UNDP, UNICEF, UNFPA, UN Women и другите со кои имаме воспоставено тесна соработка кон целите на подобрување на вработувањето, социјалната инклузија, развојот на животната средина и родовата еднаквост.
Во рамките на оваа соработка во Собранието функционира Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, кои заедно со Парламентарниот институт и UN Women работат на темите за родово одговорно буџетирање, истакна претседателот Џафери.
Тој исто така потенцира дека во однос на почитувањето на човековите права, Северна Македонија е и ќе биде доследна во нивното почитување како земја со нагласена eвропска ориентација определена за мир и стабилност и земја што тежнее кон членство во ЕУ.
Гoспоѓа Росана Дуџак, постојаната координаторка на ООН за Република Северна Македонија, се заблагодари за можноста да се сретне со претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, за да разговараат за меѓусебната соработката во претстојниот период.
Таа посвети поголемо внимание на Агендата 2030 на ООН за одржлив развој, како и за стратегијата за соработка во рамките на оваа агенда со институции на Република Северна Македонија за периодот 2021 – 2025 година како два важни стратешки документа на ООН. Во рамките на оваа соработка со институции на Република Северна Македонија, Дуџак наведе 17 значајни области на соработка што треба да се интензивираат во претстојниот период и кои се значајни за ООН.
На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека агенциите на ООН ќе продолжат интензивно да соработуваат со работните тела и комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје утрово пак е покриено со магла, денес променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.

