Вести
Ирак: Полициски генерал убиен во бомбашки напад

Генерал на ирачката полиција е убиен во петокот во експлозија на камион бомба во Баиџи во западната провинција Салахудин, северно од престолнината Багдад, каде безбедносните сили успеаја да ги истиснат џихадистите од Исламската држава и да ја преземат контролата врз тамошната рафинерија на нафта.
Како што пренесуваат агенциите повикувајќи се на ирачките безбедносни сили, во експлозијата загинало само едно лице, полицискиот генерал Фејсал Ахмед, а други девет полицајци биле ранети.Бомбашот самоубиец го активирал камионот цистерна на контролна точка во ал-Синаја, во секторот од градот Баиџи кој ирачките сили го вратија под своја контрола пред повеќе од една седмица. Притоа се додава дека уште тројца бомбаши самоубијци не успеале да ги погодат своите цели во истиот сектор, пренесува AFP.Ирачките воени сили, потпомогнати од локалните сунитски племиња кои се лојални на владата во Багдад предводена од шиитите, кон крајот на октомври започнаа операција за враќање на контролата на Баиџи, а според иранската телевизија Press TV, успеале целосно да ги протераат џихадистите од Исламската држава од блиската рафинерија, која е една од најголемите во земјата.Во петокот попладнето владините сили контролирале „повеќе од 70 отсто“ од градот, поточно „сите населби на југот, истокот и на северот“, изјави за AFP офицер од воената команда за провинцијата Салахудин. Друг офицер рекол дека војската остварила „голем напредок“ во Баиџи, па ирачкото знаме е истакнато на сите важни објекти, како и на објектот на полицијата.Баиџи се наоѓа на главниот автопат кој ги поврзува градовите Тикрит и Мосул, коишто се под контрола на Исламската држава по секавичната офанзива на почетокот од јуни кога освои големи области кои ирачката арија по консолидацијата откако беше формирана владата на национално единство и помогната од американски воени експерти, како и со ударите на меѓународната коалиција предводена од САД, успева постепено да ги враќа под контрола./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.