Македонија
Средба Димитров – Палмер: Поддршка од САД за интеграцијата во НАТО и ЕУ
																								
												
												
											Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, карактеризирани како пријателски и исклучително цврсти. Интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ, реформската агенда, како и актуелните политички случувања во регионот исто така беа дел од разговорите.
Неодамнешната посета на државниот секретар Мајк Помпео беше оценета како дополнителна потврда на стратешкото партнерство, заемниот интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршка од страна на САД како на билатерален план, така и во насока на остварување на долгогодишните аспирации на Северна Македонија за полноправно членство во НАТО и во Европската Унија. Во тој контекст, се заблагодари за неодамнешната ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД.
„Ратификацијата несомнено означува чекор поблиску до полноправно членство, како придонес кон постигнувањето долгорочна стабилност и просперитет на земјата и регионот, и зајакнување на транс-атлантската врска. Соговорниците беа согласни дека посветеноста на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, претставува вистински одговор на постоечките предизвици. Полноправното членство во НАТО, кое е на прагот, претставува потврда на надворешно-политичкиот ангажман на Република Северна Македонија, политичката волја и институционалната посветеност на изградбата на модерно демократско општество засновано на споделените вредности и принципи“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

