Контакт

Македонија

(Видео) Каевски: Почна реконструкцијата на базенот во Струга, се очекува да биде отворен до крајот на 2020

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го најави почетокот на реконструкцијата на базенот во Струга. Тој рече дека ова е еден од најголемите проекти на АМС и дека се очекува базенот да биде отворен на крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.

dobivaj vesti na viber

„Во разговор со лица инволвирани во спортот, пливачи и граѓани на Струга ни укажаа дека базенот е еден од главните приоритети и нешто што ќе помогне Струга повторно да блесне во вистинскиот сјај“, рече Каевски.

Тој истакна дека бил потребен подолг период за обезбедување на документацијата.

Исто така, Каевски рече дека откако ќе биде отворен базенот, очекува да бидат отворени пливачки и ватерполо клубови во градот.

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Ристовски најавија реконструкција на салата „Расадник“

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата „Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт. По изготвувањето на проектот, ќе може да се премине кон градежни активности кои треба да го вратат на граѓаните овој култен дом на спортот од кои скопјани имаат прекрасни спомени. Проектот кој се очекува да чини околу 1.5 милиони евра ќе биде финансиски покриен од Министерството за спорт.

dobivaj vesti na viber

– На мое големо задоволство, денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, сме во салата “Расадник” за да информираме за нешто што се чекаше со децении наназад. По еден долг период одбележан со негрижа и занемарување, некогашниот симбол на спортскиот дух на нашата општина и градот, салата “Расадник” конечно ќе биде реконструирана и вратена на користење на граѓаните.

Во текот на минатата година, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со овој објект. Без наталожените долгови спортската сала “Расадник” беше преземена од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт, кое има задача да стопанисува со државни спортски објекти, но и да инвестира во одржување на спортските комплекси, а кое поради 30-годишната негрижа салата ја претворило во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор.

Уште тогаш, по извршениот увид, утврдивме дека е неопходна темелна реконструкција и веднаш започнавме со процесот на подготовка. Сакам да информирам дека Општина Кисела Вода го нарача проектот и тој е во финална фаза. Откако ќе биде готов, започнува реконструкцијата. Со оглед на тоа што се работи за искучително скап зафат, големо е моето задоволство што можам да информирам дека средствата се обезбедени и тој ќе се реализира преку Министерство за спорт во Владата на Република Македонија.

Оваа спортска сала има посебно место во срцата на нашите граѓани. Таа беше дом на култниот тим “Вардар” и сведок на многу славни спортски моменти. За многумина од нас, таа е симбол на спортскиот дух, заедништвото и успехот и затоа, нашата цел е да и го вратиме загубениот сјај и таа повторно да биде место каде што ќе се пишуваат нови спортски истории. Сакам да му се заблагодарам на новиот министер за спорт, Борко Ристовски за поддршката и визијата која ја делиме. Неговата посветеност кон спортот и развојот на спортската инфраструктура е од клучно значење за овој проект. Очекувам дека ваквите проекти ќе станат чести во иднина и дека ќе имаме уште многу можности да инвестираме во спортската инфраструктура за доброто на нашите граѓани. Воедно, Со нетрпение очекувам реновираната сала Расадник да го отвори своите врати и повторно да стане дом на тимот “Вардар”, кој со своите успеси ја испиша историјата на македонскиот спорт-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Денес е еден од оние денови кога се будат спомените, но и се отвораат нови можности за иднината, посебно во делот на спортот. Како министер во новоформираното Министерство за спорт, со големо задоволство и гордост сакам да го најавам почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“. Ова некогаш култно место за сите спортски вљубеници во нашата земја, носи спомени за преполните трибини и за незаборавните натпревари во кошарка, ракомет и одбојка. „Расадник“ беше и дом на легендарниот клуб “Вардар” и место каде спортистите и навивачите живееја заедно во спортски дух и заедништво. Како спортист и ракометар, и јас лично имам длабока сентиментална врска со ова место, исто како и сите оние кои некогаш тука играле или навивале. Искрено се заблагодарувам на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес е тука со нас. За пофалба се неговата решителност и напорите да го преземе управувањето на салата од поранешните централни власти, кои ја оставија во руинирана состојба. Заеднички успеавме да создадеме финансиска конструкција која ќе овозможи реконструкција на ова некогаш култно место и негово враќање во живот. Откако проектот ќе биде готов, веднаш ќе започнеме со работа со цел „Расадник“ што побрзо да биде повторно дом на спортот и расадник на идните спортски легенди. Нашата цел е овој простор да стане модерен спортски центар кој ќе го негува спортскиот дух и ќе ги инспирира идните генерации-изјави министерот за спорт Борко Ристовски најавувајќи дека како министер за спорт, ќе работи на реализација на капитални спортски инфраструктурни проекти и поддршка на спортот и спортистите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Објавено пред

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

Објавено пред

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе се распише конкурс и, како што рече, каубојски вработувања веќе нема да има.

dobivaj vesti na viber

Чибишев оцени дека во изминатиот период Клиниката била доведена во ситуација на организациски и кадровски колапс, а тоа во моментот уште повеќе ја отежнува состојбата бидејќи е период на годишни одмори.

„Најголем проблем ни е кадровската екипираност за да одговориме на предизвиците. Во изминатиот период тука имавме вработено 18 лица, кои работеа неколку месеци со истечени договори. Тоа внесуваше немир и конфликти меѓу вработените. Се даваа информации дека имаат договори за вработување благодарение на добиена согласност од Министерство за финансии, но таква согласнот не постои“, рече Чибишев.

Образложи дека има документ од април 2024, во кој пишува дека Министерството за финансии се прогласува за ненадлежно за одлучување за согласност за вработување бидејќи се бара за време на избори. Истовремено, и антикорупциската комисија ги има оспорено таквите договори, а оспорени се и од Државниот санитарен инспекторат по две основи. Едниот е дека барањето за вработување е за време на избори, што е спротивно на одредбите од Изборниот законик, а второто е затоа што не се потпишани од двајцата директори.

Рече дека осумаесеттемина што работеле на Клиниката биле манипулурани со лажни ветувања дека ќе бидат вработени, незаконски престојуавле во институцијата со невалидни договори, а што е уште потрагично – добивале и плата.

„Исплатена е една и пол плата, со што буџетот на Клиниката е оштетен за речиси 650.000 денари. Тоа е значајна сума за нашата институција, секој денар е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесиран до надлежните државни институции“, рече Чибишев.

Новиот директор е задоволен од комуникацијата со министерот за здравство, Арбен Таравари, со кој работат на решавање на проблемот со недостиг на кадар. Рече дека направиле процена колку кадри им се неопходни за да може да го преживеат летото.

Недостиг на кадри има на сите нивоа – доктори, сестри, болничари, хигиеничари, лаборанти.

„Ќе ни требаат 15 луѓе од сите профили. Не се примаат доктори. Добар дел од оние што дојдоа и беа надежни ја напуштија клиниката. Сведени сме на 15 доктори, процентот на старост е над 50 години. Ни требаат млади, нови  кадри, кои можеме да ги обучиме. Некој треба да продолжи да работи и да ја држи институцијата на ниво“, рече Чибишев.

„Уште денес ќе поднесеме барање тоа да се процесира и да добиеме согласност. Ќе распишеме конкурс, каубојски вработувања веќе нема да има. Ќе се вработуваат сите според законите на оваа држава. Ние ќе процениме кои се најпогодни да функцираат во оваа институција. И биологот исто беше надвор од законот со никаков договор, ја повикавме колешката и направивме договор затоа што, според Законот за здравствената заштита, имам право, без согласност од Финансии, да правам договори за 1 отсто од вкупниот број вработени. И во тој 1 отсто проценивме дека приоритет е да се прими биологот и од денес функционира на клиниката во рамките на законот“, рече директорот.

 

Тој рече дека не сака да се занимава со минатото и да му помине мандатот на тој начин. Најави дека во наредниот месец ќе има поголема контрола од Финансиската полиција, а размислува да ја повика и Државната ревизија.

„Не сакам да останат дамки што ќе ги влечеме. Ќе ги информираме институциите, ако има нешто, ќе си постапуваат“, рече Чибишев.

Новото расководство, како што додаде, нема да се занимава на реваншизам и прогон на неистомисленици, туку приориотет ќе биде подобрувањето на условите за работа на пациентите и на персоналот, како и набавката на нова и софистицирана медицинска опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија16 минути

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ29 минути

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија48 минути

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија59 минути

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 час

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија2 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија3 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет3 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет3 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет4 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија4 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија19 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија22 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија24 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија1 ден

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...