Свет
Советникот на Трамп за Русија и Европа поднесе оставка

Советникот за Русија и Европа на американскиот претседател, Доналд Трамп, Тим Морисон, поднесе оставка во пресрет на сведочењето пред американскиот Конгрес, пренесуваат американските медиуми.
„Морисон одлучил да се сврти кон други можности“, навел неименуван претставник на администрацијата.
Тој додал дека Морисон веќе некое време размислувал за напуштање на амдинистрацијата. Морисон би требало денеска да сведочи во Претставничкиот дом на Конгресот во врска со поведувањето импичмент за Трамп.
Тој е еден од функционерите што присуствувал за време на телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Историска мисија: Пејачката Кејти Пери со уште пет жени одлета во вселената

„Блу ориџин“ денеска лансираше шест жени во вселената во ракетата „Њу шепард“, а ова е прв исклучиво женски екипаж кој полета во вселената.
Шестте жени кои полетаа во вселената се пејачката Кети Пери, новинарката Гејл Кинг, Лорен Санчез – свршеницата на Џеф Безос, Каријан Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгуен.
Патувањето траеше 11 минути.
KATY PERRY JUST WENT TO SPACE pic.twitter.com/nZt1d5sY4b
— Wicked News Hub (@wickednewshub) April 14, 2025
Мисијата ја организирала Лорен Санчез, пилот, новинар и потпретседател на Bezos Earth Fund.
„Таа е почестена да води тим истражувачи во мисија што ќе предизвика нови перспективи на Земјата и чест и е да ги инспирира генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението на „Блу ориџин“.
Свет
Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, а ранети се уште 117, Русија денеска соопшти дека целта била воена.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија гаѓа исклучиво воени цели одговарајќи на новинарско прашање за воздушниот напад врз североисточниот украински град, што ги шокира регионот и меѓународната заедница.
Руското Министерство за одбрана објави дека во нападот биле употребени две балистички ракети „Искандер“ и дека бил погоден состанокот на украинските команданти во Суми. Истовремено, тие го обвинија Киев дека ги користи цивилите како жив штит.
Украина еден ден претходно објави дека руски ракети паднале во густо населен дел од градот погодувајќи станбени згради и автобуска станица. Претседателот Володимир Зеленски го нарече нападот терористички чин и повика на посилен одговор од меѓународната заедница.
Суми се наоѓа во близина на руската граница и е честа цел на воздушни напади од почетокот на руската инвазија во 2022 година, но вчерашниот напад беше еден од најсмртоносните во последно време. Ова е најсериозниот напад врз цивили во Украина оваа година.
Нападот предизвика бран осуда од Европската Унија, САД, Обединетите нации и од голем број светски лидери, кои предупредија дека таквите напади претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право. Русија досега не понуди независно потврдени докази за тврдењата за воена цел.
Свет
Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети неговата земја и да биде сведок на трагедијата на актуелната војна пред да се заложи за наводен мировен договор со Русија.
Свесен за непријатната средба со американскиот лидер во Вашингтон во февруари, Зеленски ја повтори својата почит кон позицијата на САД.
„Но, ве молам, пред какви било одлуки, каков било облик на преговори, дојдете и видете ги луѓето, цивилите, борците, болниците, црквите, ранетите или мртвите деца“, изјави Зеленски за американската телевизија Си-би-ес во синоќешното интервју.
„Се надевам дека Трамп тогаш ќе разбере со што има работа“, рече тој. „Ќе разберете што направи (рускиот претседател Владимир) Путин“, додаде Зеленски.
Си-би-ес сними интервју со Зеленски за време на посетата на неговиот роден град Криви Рих. Таму, во руски ракетен напад на 4 април, загинаа 19 лица, меѓу кои 9 деца и тинејџери.
Најмалку 34 лица загинаа во ракетниот напад врз украинскиот град Суми, што беше извршен вчера.
Зеленски рече дека, според него, рускиот поглед на војната, која трае повеќе од три години, преовладува во новата американска администрација.
„Се обидов да објаснам дека не можете да барате нешто на средина. Има агресор и има жртва“, рече Зеленски.