Македонија
Белоглавите мршојадци кои беа најдени изнемоштени во Берово се повторно на слобода
На хранилиштето за мршојатчина Витачево, во близина на Кавадарци, вчера успешно беа пуштени во природа двата млади белоглави мршојадци, кои од глад и изнемоштеност беа пронајдени паднати во Берово пред неколку недели.
Акцијата за нивно ослободување беше организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со здружението „Аквила“ од Кавадарци и низа државни институции. Птиците се маркирани, опремени со ГПС-предаватели и безбедно се вратени во природа.
„На висорамнината Витачево постои активно хранилиште за мршојадци управувано од здружението „Аквила“ од Кавадарци и таму редовно се исхрануваат птици од овој загрозен вид. Затоа, најлогично беше птиците да бидат ослободени токму на оваа локација со цел тие да може да се приклучат во јато заедно со возрасни единки од истиот вид. Младите мршојадци имаа лесен лет и успешно се вклопија во овој терен“, изјави Ненад Петровски, член на Македонско еколошко друштво.
МЕД пред неколку недели доби повик од Здружението за заштита на животни „Проанима“ од Берово за необична ситуација, односно во два наврата во градот беа пронајдени штотуку пролетани белоглави мршојадци кои не беа во состојба да летаат и талкаа во градот. Во координирана акција Македонското еколошко друштво заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за животна средина и просторно планирање птиците беа безбедно пренесени во Скопје, каде што беше извршен ветеринарен преглед и птиците беа сместени во карантин во Зоолошката градина во Скопје со цел нивно закрепнување. Кога беше констатирано дека мршојадците се во добра здравствена состојба и се способни да продолжат сами да се снаоѓаат во природата, се пристапи кон акцијата за нивно враќање во природата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

