Вести
Сириската армија првпат од 2014 се проби во покраината Рака
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/raka20tenk.jpg)
Сириските копнени сили со поддршка на руските воздушни напади првпат од 2014 година навлегле во покраината Рака, каде што е истоимениот град кој е престолнината на самопрогласениот калифат кој екстремната сунитска организација Исламска држава пред две години го прогласи на териториите коишто ги контролира во Сирија и во соседен Ирак, објави телевизијата al-Arabia.
Информациите за AFP ги потврди и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, која се повикува на широката мрежа своиактивист на теренот во Сирија.
Претходно за напредувањето на сириските владини војски кон Рака јави либанскиот дневен весник Al-Akhbar. Според неговите сознанија, сириската армија веќе неколку дена се утврдувала во селото Асрија во соседната покраина Хама, на границата со соседната покраина. Примарна цел на оваа операција е градот Ат-Табак, едно од источните предградија на Рака.
Според агенцијата Sputnik, која се повикува на сириски воени извори, владините сили со поддршка на руската авијација го заземале стратешки важното село Абу ал-Илјаџ и продолжиле со напредувањето кон Ат-Табак, од кој се оддалечени на 30-ина километри.
На страна на џихадистите има бројни жртви се наведува во извештајот, а најмалку двајца нивни борци се заробени.
Кон градот Рака, исто така, напредуваат и единиците на Демократските сили на Сирија, коалицијата меѓу курдските борци и нивните арапски сојузници, како и сунитските опозициски сили кои Западот ги поддржува како умерени, кој ја напаѓаат Исламската држава во другите делови на покраините Рака и Алепо. Американската војска објави дека офанзивата напредува, со жесток отпор на радикалните исламисти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.