Свет
Француската влада им нуди 10.000 евра на работниците за да останат во париските забранети зони
Како дел од акцискиот план за решавање на проблемите во проблематичното париско предградие Сен-Сан-Дени, француската влада им понуди 10.000 евра на работниците од јавниот скетор да останат да работат во таа област, пренесува „Ле Фигаро“.
Предлогот е една од 23-те мерки што владата ги презентира неделава за да ѝ помогне на областа, која е најсиромашниот дел во целата земја, и ќе регрутира уште 150 полицајци за да помогне во одржувањето на редот во областа.
Владата на претседателот Емануел Макрон исто така сака да ги подобри условите за домување во областа за локалните жители.
Бонусот од 10.000 евра ќе им биде достапен на работници во јавниот сектор, вклучително и на наставниците бидејќи студиите покажале дека стапката на заминување во областа е многу повисока од другите делови на Франција, при што работниците од Министерството за внатрешни работи остануваат во просек 2,7 години таму во споредба со Есон, на пример, каде што просекот е седум години.
Сличен предлог беше даден во т.н. ранливи области, честопати наведени како забранети зони во Шведска, каде што владата им понуди на наставниците зголемување на платите од 1.077 долари месечно за да останат да работат во криминалните и економски неповолни области.
Планот за Сен-Сан-Дени доаѓа по неколкумесечните студии на парламентарците и владините претставници во областа со голема миграција, каде што околу 20 отсто од жителите или 400.000 лица се нелегални имигранти.
За решавање на високата стапка на криминал во областа, планот исто така повикува на реновирање на полициските станици во Олнај-су-Боа и Епине-сур-Сен за вкупна цена од 30 милиони евра. Реновирањето се очекува да заврши до 2023 година. Уште 20 милиони евра ќе бидат вложени во напори за едукација.
Поранешниот француски државен секретар Филип де Вилиер е последниот политичар што го осуди растечкото насилство во Франција велејќи дека земјата е надвор од контрола. Во последните неколку години многумина изразија сериозна загриженост во врска со Сен-Сан-Дени и не само поради високите нивоа на исламистичка радикализација во областа.
Минатата година Де Вилиер тврдеше дека брат му, генералот Пјер де Вилиер, кој поднесе оставка во Генералштабот за одбрана во 2017 година, го предупредил претседателот Макрон за опасностите што се создаваат со зголемување на беззаконието во предградијата.
„Ако предградијата предизвикуваат натамошни и уште понасилни бунтови, нема да имаме начин да се справиме со нив: ни недостигаат средства, ни недостигаат луѓе. Ова е реалноста на француската политичка ситуација“, му рекол Де Вилиер на францускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

