Контакт

Вести

Бајден вели дека САД се подготвени за воено решение во Сирија, Кери уверен во преговори деновиве

Објавено пред

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден ја изрази во саботата во Истанбул на средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, подготвеноста за воено решени на конфликтот во Сирија доколку не постои волја за политички договор, а истовремено американскиот државен секретар Џон Кери изјави во Ријад по разговорите со сунитските арапски партнери од Персискиот залив кои настојува да ги увери дека не треба да стравуваат од затоплувањата на односите меѓу САД и Иран, доти верува дека сириските мировни преговори ќе започнат следните денови и покрај разединетоста на сириската опозиција.

dobivaj vesti na viber

„Знаеме дека ќе биде подобро доколку успееме да постигнеме политичко решени, но подготвени сме, доколку тоа не биде возможно, да најдеме воено решение за таа операција во борбата со Исламската држава“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден на заедничката прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Оваа агенциите ја надоврзуваат на изјавата на американскиот министер за одбрана Ештон Картер од петокот, дека коалицијата што ја предводат САД има намера да го прошират својот ангажман со копнена операција во Сирија и во Ирак.

„Уверени сме дека со добра иницијатива разговорите ќе започнат некаде следните денови и дека специјалниот пратеник на ОН ќе успее да ги собере преговарачите“, изјави, пак, американскиот државен секретар Џон Кери во Ријад.

Според најавите, меѓусириските преговори треба да започнат во швајцарска Женева на 25-ти јануари. До овој датум специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура треба да ги заврши консултациите со сите учесници во преговорите. Меѓутоа, овој датум уште не сосема сигурен, најмногу поради несогласувањата на разединетата опозиција,

Спорот, исто така, се јави и кога коалицијата на сириска сунитска опозиција го одреди за свој претставник просаудискиот исламистички бунтовник Мохамед Алуш, кој владата во Дамаск и нејзиниот сојузник Русија го сметаат за терористи.

Кери, кој во саботата телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за сириските преговори, најави дека големите сили ќе се сретнат по првиот круг од преговорите во Женева. „Нема да најавам датум, но се договоривме дека веднаш по првиот круг од сириските преговори, Меѓународната група за поддршка на Сирија ќе одржи состанок и дека тоа ќе биде многу брзо, бидејќи сакаме тој процес да продолжи“, рече Кери, пренeсува Reuters.

Една до големите пречки е и тоа што сунитските арапски земји инсистираат алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад да биде исклучен од политичката иднина на земјата, со што не се согласуваат Русија и Иран, кои бараат за тоа да одлучува сирискиот народ, а и Западот го омекна својот став по ова прашање и се согласи со организирање на избори за 18 месеци кои треба да ги подготви влада со извршни овластувања составена од претставници на актуелната влада и на сириската опозиција.

Друга голема пречка се односите меѓу Саудиска Арабија, во која преовладува вахабистичкиот ислам, а истокот од земјата е населен со шиити, ишииткиот Иран, чии нетрпеливости кулминираа на почетокот од јануари кога во Риајд беше егзекутиран шиитскиот проповедник Нимр ал-Нимр, по што двете земји ги прекинаа дипломатските односи.

„Никој од нас не верува во илузијата дека нема пречки во барањето политичко решение за Сирија. Знаеме дека тоа е тешко, бидејќи доколку беше лесно досега тој процес одамна ќе беше завршен“, реле Кери.

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир изјави дека неговата земја работи со САД за да најде начин за повлекување на Асад, Изрази притоа загриженост од приближувањето на САД и Иран. „Не гледам дека САД и Иран можат заедно. Иран и натаму е светскиот спонзор на тероризмот“, според AFP тврди ал-Џубеир, иако Техеран ја обвинува токму Саудиска Арабија дека финансиски и воено ги помага џихадистичките групи на сириското боиште.

Кери, кој во Ријад разговараше со претставниците на Советот за соработка на земјите од Персискиот залив (GCC), изјави дека укинувањето на санкциите за Иран се можност да се отстрани загриженоста. „САД и натаму се загрижени од некои активности на Иран“ во регионот, рече Кери наведувајќи ја поддршката за либанското шиитско движење Хезболах, кое САД и Израел го сметаат за терористичко, иранската програма за балистички ракети поради што Вашингтон му наметна нови санкции на Техеран.

Шесте земји на GCC, покрај Саудиска Арабија, се и Бахреин, Кувајт, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати. Овие арапски монархии кои го практикуваат сунитскиот ислам не се согласуваат со враќањето на шиитски Иран на меѓународната сцена, откако по договорот на Техеран со шесте светски сили за неговата нуклеарна програма му се укинати децениските меѓународни санкции и станува многу атрактивна земја за инвестирање на меѓународните компании. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија3 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија5 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија5 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ7 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија7 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет8 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет9 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ10 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија11 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет11 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа11 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет12 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...