Регион
Wiener Zeitung: Загрозена веродостојноста на ЕУ на Балканот
Скандалот за корупцијата на ЕУЛЕКС ја загрозува веродостојноста на Европската унија (ЕУ) на западен Балкан, оценува виенскиот дневник Wiener Zeitung.
Главниот уредник на овој весник, Рајнхард Гевајл во авторски коментар укажува дека актуелната афера има потенцијал да ја дискредитира ЕУ на Балканот. Тој наведува дека е потребно трајно решение на косовското прашање за Србија да стане дел од ЕУ, а ова ќе биде одлучувачко и за амбициите на Албанија.
„Доколку ЕУЛЕКС доживее неуспех, тоа би било жесток удар за Балканот. Иако во наредните пет години нема да има проширување на ЕУ, како што соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, останува потребата за поддршка на земјите од регионот“, стои во текстот на Wiener Zeitung, додавајќи дека нити бриселските институции, нити ЕУЛЕКС не ја исполнуваат својата одговорност, доколку овој скандал за корупцијата биде ставен под тепих.
Авторот исто така запрашува како комесарот на ЕУ за соседска политика, Јоханес Хан може да побара борба против корупцијата на Балканот, доколку Брисел гледа на страна.
Според австрискиот весник, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц би требало да делува што поскоро, бидејќи скандалот треба да биде целосно расветлен, а мисијата на ЕУЛЕКС мора да биде поставена поефикасно, бидејќи по нејзиното петгодишно делување, на Косово од функционирањето на правна држава може да се види многу малку.
Wiener Zeitung потсетува дека ЕУЛЕКС е најголемата мисија на ЕУ, која брои 1.600 службеници и годишни чини околу 90 милиони евра, со цел на Косово да воспостави правна држава по стандардите на ЕУ.
„Во расветлувањето на скандалот веќе се видоа огромни слабости. Критиката на ревизорите на ЕУ, според кои мисијата е прескапа и не ги постигна своите цели, нечујно исчезна. Европската комисија е задолжена за ЕУЛЕКС, а тоа важи и за Европскиот совет, но некаде помеѓу исчезна одговорноста во Брисел“, заклучува весникот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

