Регион
(Видео) Граѓаните исплашени по земјотресот што ја погоди БиХ, големи штети не се пријавени
Босанските медиуми јавуваат дека засега нема извештаи за големи штети, по земјотресот од 5,1 степен што попладнево ја погоди БиХ во близина на Травник.
Се работи за најсилниот потрес во Босна и Херцеговина во последните седум години.
Во местото Турбе, кое е најблиску до епицентарот, настаната е помала материјална штета во форма на испукани ѕидови или пад на телевизори и други предмети од височина. Срушени се неколку стари оџаци, а дошло и до рушење на покриви, но штетите воглавно се направени на постари објекти, пренесе „Клих“.
„Граѓаните се многу исплашени, со оглед на тоа што потресот беше доста силен и траеше неколку секунди. Постојано сум во врска со оперативните тимови во подрајчето на Травник. Добро е што уште нема информации за материјални штети или повредени жители“, вели директорот на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак.
Сеизмологот, Амра Крехиќ рече за „Аваз“ дека денешниот земјотрес бил со силен интензитет.
„Нормално е ваков земјотрес да предизвика паника кај населението, но морам да кажам дека се работи за сосема нормално ослободување на сеизмичка енергија. Нема причина за паника“, изјави Крехиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.