Спорт
Мане ги спаси Ливерпул, Сити се извлекоа против Саутемптон (Видео)

Ливерпул и Манчестер сити среќно забележаа победи во рамките на 11 рунда во Премиер лигата. „Црвените“ во 94 минута ја обезбедија победата кај Астон Вила, а до трите бода во финишот дојдоа и „граѓаните“ против Саутемптон.
Ливерпул имаа негатива од еден гол од 21 минута кога Египќанецот Трезеге го совлада Алисон Бекер. Резултатот 1:0 беше актуелен до 87 минута кога израмни Робертсон, а во 94 минута Мане го постигна голот за победа.
Манчестер сити имаа негатива против Саутемптон од 13 минута. Голот за „светците“ го постигна Ворд-Праус. Сити се мачеа не успеваа да ги реализраат шансите се до 70 минута кога израмни Серхио Агуеро. Целосен пресврт направија со голот на Кајл Вокер во 87 минута.
Арсенал никако да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат. Непоразени од „Емирејтс“ во ова коло си заминаа фудбалерите на Вулверхемтон.
Имаа домаќините предност од 21 минута со голот на Обамејанг, која ја поништи Мексиканецот Раул Хименез во 75 минута.
Премиер лига, 11 коло:
Брајтон-Норич 2:0
Шефилд Јунајтед-Барнли 3:0
Вест Хем-Њукасл 2:3
Манчестер сити-Саутептон 2.1
Астон Вила-Ливерпул 1:2
Арсенал-Вулверхемптон 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бањаја го искористи падот на Маркез и ја освои пол-позицијата

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.
Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.
Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.
Анкета
Спорт
Реал подготвува засилувања во НБА

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.
Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.
Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.
Тој имаше просек од 6,3 поени.
Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.
Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.
Спорт
Познато е колку ќе заработува Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда

Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда претставува вистинска „бомба“ во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот.
Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб.
36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена Ѕвезда од Белград.
Тој одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.