Регион
Макрон ја налути Бугарија: „Неговата изјава е навредлива“

Изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, поврзана со миграцијата предизвика политички реакции во Бугарија. Макрон за француски десничарски весник коментираше дека претпочита во својата земја легални мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, кои ќе работат наместо нелегални работници од Бугарија и Украина, пренесе Бугарската национална телевизија.
„Претпочитам луѓето да доaѓаат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска, отколку илегални бугарски или украински подружници“, рече Макрон.
На француски јазик: Je préfère avoir des gens qui viennent de Guinée ou de Côte-d’Ivoire légaux, qui sont là et qui font ce travail, que des filières bulgares ou ukrainiennes clandestines.
Во дел од меѓународните медиуми, како и во бугарските медиуми, цитатот е преведен како „бугарски и украински банди“, пишува „Јуропиан вјус“.
Во Бугарија, вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, го коментираше случајот на „Фејсбук“. Според неговите зборови, ова е уште една манифестација на политичка ароганција.
Според Каракачанов, изјавата на Макрон е недопустлива и навредлива. Вицепремиерот го повика Министерството за надворешни работи да одговори.
„Јас категорично ги отфрлам сите обиди за дискредитација на нашата земја, како и кршењето на правата на бугарските граѓани“, рече Каракачанов.
На изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева побара од бугарскиот амбасадор во Франција, Ангела Чолаков, да испрати протестна нота до француското Министерство за надворешни работи.
Според неа, станува збор за личен избор на Макрон, но Бугарија се надева дека односите со Франција ќе останат добри.
Таа не знае дали зборовите се извадени од контекст, но вели дека изјавата на еден или друг начин е неприфатлива и не може да се генерализира целиот бугарски народ.
„Оваа изјава е навредлива за бугарската заедница во Франција. Слушнав дека тие се многу огорчени, бидејќи се добро интегрирана заедница и во секој случај не сметаме дека предизвикуваат проблеми“, додаде Захариева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.