Спорт
Ботас со рекорд на патеката до пол-позицијата во Остин

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Тексас. Финецот на патеката во Остин стигна до 11 пол-позиција во кариерата.
Ботас до првата позиција на стартот дојде со рекордно брз круг 1:32.029. До него утрешната трка ќе ја започне Себастијан Фетел. Возачот на Ферари имаше послабо време за само 12 илјадити делови од секундата.
Вториот стартен ред е резервиран за Макс Ферстапен (ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари). Светскиот првак Луис Хамилтон се избори за петтото место, а третиот ред го комплетираше Александар Албон од Ред Бул.
Во првите десет на стартот ќе бидат уште Карлос Саинц, Ландо Норис (двајцата од Мекларен), Даниел Рикардо (Рено) и Пјер Гасли (Торо Росо).
Трката во Остин утре ќе започне во 20.10 часот по средно-европско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025
Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA