Спорт
Бетис освои бод во Мадрид
Реал Мадрид и Бетис одиграа натпревар без голови на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на 12 коло во Ла Лига. Реал не го искористи киксот на Барселона, двата тима со натпревар помалку се на чело на табелата со 22 бода.
Реал делуваше конкретно во првото полувреме, особено во неговата прва половина. Постигнаа и гол во осмата минута преку Азар кој беше поништен. Во второот полувреме Бетис воспоставија рамнотежа на теренот, а Реал не искористија неколку добри шанси.
Особено доби беа можностите што ги имаа Менди во 64 минута, односно Винисисус и Варан во самиот финиш.
Вистински херој на Бетис е голманот Роблес кој фати неколку тешки топки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Маркус Рашфорд има нов клуб
Маркус Рашфорд (27) од Манчестер јунајтед ќе замине на позајмица во Астон Вила, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач е отпишан од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим и не играше во последните два месеци. Астон Вила ќе го позајми Рашфорд, а Јунајтед ќе покрие дел од неговата плата. Клубовите во моментов преговараат за откупна клаузула.
Рашфорд е играч на Јунајтед, а оваа сезона има седум гола и три асистенции на 24 настапи. На 426 натпревари за Јунајтед постигна 138 голови и 63 асистенции.
Според „Трансфермаркт“, Рашфорд вреди 55 милиони евра, а неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. Заработува околу 18,5 милиони евра по сезона.
Спорт
Јувентус најде замена за Влаховиќ
Раководството на Јувентус сака во летниот преоден рок да го засили тимот со Виктор Осимен, како замена за Душан Влаховиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот.
Српскиот интернационалец ќе го заокружи тригодишниот циклус и не се очекува да остане во клубот по летото, откако неговите менаџери решија да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнаа дека раководството нема намера да му ја зголеми платата, објавија италијанските медиуми.
Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, а раководството сака да го продаде ова лето за да го спречи да си замине од клубот како слободен играч без обештетување.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, прва опција за замена на Влаховиќ е Осимен, кого го цени директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Тој го донесе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал да работат заедно во Торино.
Во Јувентус се уверени дека Џунтоли ќе го убеди Нигериецот да дојде во Торино. Осимен е позајмен од Наполи во Галатасарај.
Спорт
Даниеле Малдини се пресели во Аталанта
Поранешниот играч на Монца, Даниеле Малдини (23) го комплетира трансферот во Аталанта пред самиот крај на преодниот рок.
Ссинот на легендата на Милан, Паоло Малдини, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе го потпише договорот со клубот од Бергамо.
Аталанта ќе и плати на Монца помеѓу 13 и 14 милиони евра обештетување за Малдини, а половина од таа сума ќе оди во Милан, клубот во кој Малдини го стекна своето фудбалско образование.
Кога го продадоа на Монца, Росонерите се обезбедија со 50% од приходите од следната продажба на играчот.
Трансферот на Малдини значи дека Николо Заниоло ќе ја напушти Аталанта. Според италијанските медиуми тој ќе се пресели во Фиорентина.