Свет
(Видео) Во заседа убиен племенскиот водач кој се бореше за спасување на дождовните шуми

Во заседа што ја поставиле дрвосечачи во североисточната бразилска држава Маранхао загина бразилскиот племенски водач кој се борел за зачувување на дождовните шуми, додека друг е повреден.
Пауло Паулино Гуајајар или Лобо (што на португалски јазик значи „волк“) бил убиен во петокот додека ловел во резерватот Арарибоја; тој бил нападнат и застрелан во главата. Неговиот пријател Лаерсио, исто така член на племето Гуајајар, е повреден, пренесува „Ројтерс“.
Paulo Paulino Guajajara was a part of Guardians of the Forest – a group set up buy his Guajajara tribe to protect the Amazon rainforest. On Saturday, he was shot dead by illegal loggers https://t.co/SOoKlNk8ec pic.twitter.com/8yvf3UFxjk
— Reuters (@Reuters) November 3, 2019
Зголемен број на судири меѓу домородните племиња и нелегални дрвосечачи е забележан откако Жаир Болсонаро стана претседател и вети дека ќе им даде заштитени области на економските субјекти.
„Владата на Болсонаро на своите раце има крв на домородците“, рече бразилската организација АПИБ, која претставува повеќе од 900 000 домородци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
НАСА откри нова планета со можни услови за живот

Со помош на телескопот Џејмс Веб, НАСА ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живит.
Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживеат живите организми.
Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува ABC News.
Ова е прво директно снимање на планетата од телескопот Веб, користејќи техника со висок контраст што овозможува набљудување на бледи објекти покрај светли ѕвезди.
Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за потеклото и структурата на планетарните системи, објавува Танјуг.
Свет
Топлотен бран во Шпанија: регистрирани 102 смртни случаи

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со висока температура и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo).
Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни оваа година, кој според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet), беше оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот „Елмундо“.
Податоците на MoMo покажуваат дека вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со топлина и студ се регистрирани во првата половина од годината, што претставува 68 проценти од вкупниот број смртни случаи поврзани со топлина за целата 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртни случаи. Јуни беше месецот со најголем број смртни случаи поради топлотен удар, при што понеделник, 30 јуни, беше денот со најголем број смртни случаи – 46, додека недела, 28 јуни, имаше 32 смртни случаи, што е ист број како и целиот јуни 2024 година.
Во јуни 2024 година немаше топлотни бранови, а просечната температура беше 19 степени Целзиусови, што го прави еден од „постудените месеци“ на Иберискиот Полуостров од април 2022 година.
Најголем број смртни случаи во јуни 2025 година е забележан кај жените – 237, додека поголемиот дел од жртвите беа над 65 години, а граѓаните над 75 години се особено изложени на ризик. Според податоците на Aemet, просечната температура во јуни оваа година изнесуваше 23 степени, што е за 0,8 степени повисоко од претходниот рекорден јуни од 2017 година, додека зголемувањето во споредба со просечната температура за периодот од 1991 до 2020 година изнесуваше дури 3,5 степени.
Јуни годинава започна со температура која надмина 43 степени во неколку градови на југот од Иберискиот Полуостров, а највисока температура е забележана во општината Алкончелу и Фуентес де Андалузија, каде што температурата достигна 43 степени, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) „Како несмасен дедо кој флертува“: коментарот на Трамп до новинарка предизвика хаос на социјалните мрежи

Доналд Трамп предизвика бран критики на социјалните мрежи откако ја нарече новинарката „прекрасна“ за време на настан во Белата куќа – и покрај советот од неговата портпаролка да не го прави тоа.
Непријатниот момент се случи во петок, 27 јуни, за време на потпишувањето на мировниот договор меѓу Демократска Република Конго и Руанда, кој се одржа во Белата куќа. На церемонијата присуствуваа министрите за надворешни работи на двете земји – Тереза Кајквамба Вагнер од Конго и Оливие Ндухунгирехе од Руанда – како и Џеј Ди Венс и Марко Рубио.
Во еден момент, новинарката Харијана Верас, дописник од Ангола, се појави на говорницата, пофалувајќи го американскиот претседател за неговата улога во мировниот процес и изразувајќи надеж за траен мир.
Трамп потоа одговори со коментар што предизвика мешани реакции: „Тоа е толку убаво кажано. Каролина (портпаролката на Каролина Ливит) ми рече, првото нешто што го кажа беше: „Немој да го кажуваш тоа, политички е некоректно… Но, таа рече дека си убава. И ти си навистина убава!“
„Знам дека не треба да го кажувам тоа, знаете? Можеби е крај на мојата политичка кариера, но сепак ќе го кажам. Прекрасна си – и однатре и однадвор. Би сакал да имам повеќе новинари како тебе“, додаде тој. Верас му се заблагодари, а тонот на Трамп беше, според очевидци, хумористичен и лежерен.
Сепак, реакцијата на интернет не беше блага.
Корисниците на Редит го нарекоа однесувањето на Трамп „морничаво“ и „несоодветно“. Еден корисник напиша: „Трамп ја нарекува новинарката ‘прекрасна’ на средина од интервју… Навистина морничаво однесување“. Друг коментираше: „Како несмасен дедо што флертува со келнерка (а не остава бакшиш).“
Од друга страна, неговите поддржувачи тврдат дека тоа бил безопасен комплимент, но критичарите предупредуваат дека ваквите изјави испраќаат порака за несоодветни стандарди на однесување кон новинарките и жените воопшто.