Спорт
Емери почни да победуваш или ќе добиеш отказ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/99-2.jpg)
Менаџерот на Арсенал Унаи Емери добил ултиматум од клупските челници, пишувата англиските медиуми. Шпанецот мора да ги добие наредните два натпревари доколку ака да го задржи работното место.
Формата на Арсенал варира од почетокот на сезоната во Премиер лигата. По нерешениот резултат со Вулверхемптон (1:1), Арсенал имаат 14 бода помалку од водечкиот Ливерпул и шест бода помалку од Лестер и Челси кои ги држат позициите три и четири.
Емери имал обврска да победи во наредните два натпревари, во спротивно ќе добиел отказ. Арсенал во четврток ќе гостуваат кај Виторија Гимараеш во Лига Европа, а в сабота ќе се соочат со Лестер во Премиер лигата.
Поота следува пауза поради квалификациските натпревар за пласман на ЕУРО 2020. Медиумите шпекулираат дека во тој период челниците на Арсенал ќе ја решат судбината на 48 годишниот тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) „Хулијан, ова мене да ми го направеше, ќе те бркав на теренот“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/GettyImages-2198414955.jpg)
Реал и Атлетико, во саботата одиграа 1:1 во градското дерби. По 23 рунди во шпанското првенство Реал води со 50 поени, еден повеќе од Атлетико, два од Барселона и пет од Атлетик Билбао.
На „Сантијаго Бернабеу“, Атлетико го отвори резултатото со голот на Хулијан Алварез од пенал во 35.минута. Аргентинецот втор пат во кариерата настапи во Мадрилењо дербито и го постигна првиот гол.
24-годишниот напаѓач, во кариерата освои се, со Аргентина стана светски првак и шампион на Јужна Америка, со Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите.
Арања (пајак) е прекарот на Алварез, кој при изведувањето на пеналот импресионираше со ладнокрвноста. Против еден од најдобрите голмани во светот, Тибо Куртоа, се реши за паненка и погоди.
Хулијан Алварез на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го прославува гол против Реал Мадрид, а неговиот репрезентативен колега Емилијано Мартинез остави коментар во свој стил: „Ова мене да ми го направеше ќе те бркав низ теренот“, напиша голманот на Астон Вила.
Спорт
Стипендии за тројца македонски олимпијци – донација на Sport Life
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/7-6.jpg)
„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.
„Согласно мисијата на обложувалниците „Sport Life“ и како општествено одговорна компанија, преку чинот на стипендирање, сакавме да го наградиме успехот на нашите млади и талентирани спортисти, и да им помогнеме во овогодинешните предизвици со кои се соочуваат на спортски и професионален план. Се надеваме и посакуваме нашата заедничка соработка да придонесе за уште подобри спортски резултати и секако за нивен настап на следните Олимписки игри во 2028 година во Лос Анџелес“, изјави Петар Поцков, маркетинг директор на компанијата „Sport Life“.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/sl-stipendii-3-1024x320.jpg)
Тренерот на маратонецот и олимпиец Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, во однос на стипендијата, изјави дека поддршката на врвните спортисти е клучна алка за развојот, напредокот и континуитетот на самиот спортист.
„Денес во Македонија е навистина тешко да се опстане на врвно ниво во услови кога се работи за индивидуален спортист, но вербата секогаш се враќа токму во моментите кога општествено одговорни компании ќе го препознаат квалитетот, талентот и жртвата на спортистот за врвните достигнувања со своја конкретна поддршка. Таа за мене и за Дарио е од круцијален значај и наш неопходен ветер во грб за да продолжиме со остварување на следните зацртани цели. Веќе на 23 февруари е нашиот прв голем предизвик за оваа сезона, а тоа е „Севиља маратон“ на кој Дарио ќе се обиде да постигне уште еден врвен маратонски резултат во професионалната кариера“, истакна тренерот Јакимовски.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/sl-stipendii-2-1024x683.jpg)
Во друштво на добитниците на стипендиите е и олимписката спортистка Милјана Релиќ. Таа тренира и освојува медали во боречката вештина таеквондо, под надзор на тренерот Александар Ефтимов од ТК „Тигри“ од Скопје. Тие истакнуваат дека им следуваат бројни натпревари за кои напорно тренираат и за кои поддршката на „Sport Life“ е добредојдена и значајна, особено пред Светското првенство во октомври месец во Кина, и за натпреварите каде ќе се обезбедува норма за Гранд При натпреварите од следната година, а тоа се натпреварите во јуни во Шарлот, САД, во август во Кореа, и во ноември во Тајланд.
„Меѓу овие натпревари претстојат и натпревари за собирање на поени за светската и олимписката ранг-листа. Веќе викендов имаме учество на силниот Туркиш Г2 Опен, каде ќе учествуваат бројни светски, европски и олимписки медалисти. Потоа следат натпреварите во Словенија, Бугарија, Холандија, а на 30 март е Скопје Г-1 Рамус Опен, итн. Напорно тренираме и очекуваме тоа да го потврдиме со медали на овие турнири“, истакнува тренерот Ефтимов.
Својата благодарност ја искажаа и нашиот пливач и олимпиец, Никола Ѓуретановиќ и Горан Стаменов, главен Тренер на ПК „Вардар 2018“.
„Навистина сум благодарен за оваа стипендија од „Sport Life“, која ми дава мотив да продолжам напорно да работам и да ги поместувам границите. Оваа поддршка е признание за моите достигнувања и ќе ми помогне во подготовките за големите натпреварувања. Се надевам дека со моите успеси ќе инспирирам уште многу млади пливачи да веруваат во себе и да ги следат своите соништа“, изјави Никола Ѓуретановиќ, нашиот рекордер во пливање.
„Оваа стипендија од „Sport Life“ не е само финансиска поддршка, туку и силен мотив за Никола и за сите талентирани млади пливачи кои сонуваат за големи спортски успеси. За Никола, ова значи уште повеќе вложување во тренинзи, подготовки и настапи на меѓународната сцена, каде што веќе докажува дека е меѓу најдобрите. Ќе продолжиме да го градиме патот кон нови рекорди, поголеми натпреварувања и репрезентативни настапи за Македонија. Од името на ПК „Вардар 2018“, од Никола и неговото семејство, упатуваме огромна благодарност за искажаната доверба, која покажува дека трудот, дисциплината и посветеноста се вреднуваат“, истакна Стаменов.
За спортистите добитници на стипендиите.
Маратонецот Дарио Ивановски, е првиот атлетичар кој остварил норма за Олимписки игри. Тој има истрчано бројни атлетски патеки и дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2020, на кој следната година и победи. Во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува два часа, осум минути и 26 секунди. Тој е првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.
Таеквондистката Милјана Релиќ, беше знаменосецот на нашите олимпијци на минатогодишните летни Олимписки игри во Париз, каде и ја победи двојната олимписка и светска шампионка од Велика Британија Џејд Џонс. Таа има освоено бронзен медал на Европското првенство во теквондо У-21 во Букурешт 2024 година, како и бројни медали од најсилните Г класа турнири, во Турција, Израел, Естонија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Романија итн. Прогласена е за наша најдобра спортистка за 2024 г. од Министерството за спорт, МОК и од бројни организации.
Пливачот Никола Ѓуретановиќ од ПК „Вардар 2018“, е државен рекордер во пливање на 400 m, 800 m и 1500 m слободно, златен медалист на Државното првенство на Македонија во дисциплините 200 m и 400 m слободно, 100 m и 200 m грбно, 100 m и 200 m градно и 200 m и 400 m мешано. Од поновите успеси, ги вбројуваме: финалист на Меѓународниот пливачки натпревар „Свети Никола” – Ниш, на 400 m и на 1500 m и личните рекорди и норми за учество на Купот на мултинации (Кипар), на Европското јуниорско првенство (Словачка) и на Светското јуниорско првенство (Романија).
ПР текст
Спорт
Марсело: Крос и Модриќ без извонредни, Иско ме импресионира, но најдобрар од сите е Ронадињо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/marcelo.jpg)
Легендарниот Бразилец Марсело ја заврши својата блескава кариера три месеци пред својот 37 роденден. Легендата на Реал Мадрид, со овој клуб освои 25 трофеи за 15 години. Негов поледен клуб во кариерата беше Флуминенсе, со кого го освои Копа Либертадорес.
Сепак, Марсело пред се е симбол на Реал Мадрид, за кој одигра 546 натпревари од 2007 до 2022 година. Тој беше прв капитен странец на „кралскиот клуб“ од 1904 година.
Марсело освои се со Реал Мадрид, а меѓу освоените трофеи се и пет ЛШ и шест шпански титули. Неодамна според бројот на освоени трофеи во дресот на Реал го престигнаа Начо и Лука Модриќ, а сега хрватскиот репрезентативец е осамен на вечната листа.
„Отсекогаш сум играл со многу добри играчи. За мене најдобар беше Роналдињо, со кој играв во репрезентацијата, но бев многу импресиониран и од Иско. Тони Крос и Модриќ беа извонредни, но Иско секогаше знаеше да ме импресионира“, рече Марсело во интервју за „Хормигуеро“.
На крајот откри дека не се гледа себеси како тренер, а за кариерата заклучи: „Во фудбалот постигнав се што сакав. Немав сериозни повреди, играв за најдобриот клуб во светот, но доаѓа момент кога ти требаат различни работи и нови предизвици“.
Роналдињо одигра 97 натпревари за Бразил од 1999 до 2013 година и постигна 33 гола. Тој ја освои Копа Америка со националниот тим во 1999 година и Светското првенство три години подоцна. Тој се пензионираше во 2015 година како играч на Флуминенсе, а играше и за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро.
Во Барселона го носеше бројот десет, а во 2006 година ја доби „Златната топка“.