Контакт

Регион

Грците на протест против мигрантската политика откако владата прими 40. 000 бегалци во последните 4 месеци

Објавено пред

Одлуката на грчката влада да ги пренесе на копнениот дел мигрантите од преполните острови во Егејското море, доведе до отпор кај локалното население. Жителите на Солун најавија нов бран протести против овој потег во услови на зголемен гнев поради приливот на бегалци што влегоа во земјата, пренсува РТ.

dobivaj vesti na viber

Локалното население во два наврати безуспешно се обиде да го спречи префрлањето на мигрантите од островите на копнениот дел. На вчерашниот антимигрантски собир во Солун пристигнале над 100-тина екстремни десничари, а имало и собир на анархистите.

Мигрантите кои со бродови на грчката воена морнарица вчера беа префрлени од островот Лезбос на пристаниште во близина на Атина, со часови чекале да пристигнат автобусите и да ги пренесат во хотелите чии што сопственици се согласиле да ги примат. Од кампот Морија на островот Лезбос каде што околу 15 илјади мигранти живеат на простор кој што е наменет за најмногу 3.000 луѓе биле пренесени 415 мигранти. Неименуван владин функционер открил дека владата планира да префрли околу 5.000 мигранти на копно во следните пет дена.

Антимигрантски демонстранти во Солун ја повикаа Атина да ги протера сите нелегални мигранти и да ја затвори границата за мигрантите. На снимките од маршот беа прикажани демонстрантите со транспаренти и грчки знамиња, а активист пред почетокот на поворката држеше икона на Богородица. 

Солун и околните градови се избрани за да бидат домаќини на илјадници мигранти кои Атина сака да ги пренесе од пренатрупаните објекти на грчките острови до копното. Според извештаите, во текот на викендот околу 900 луѓе биле пренесени од грчките острови на места на копното. Владата планира да премести вкупно 20.000 бегалци до крајот на годината.

„Грција во последните четири месеци прими 40.000 мигранти и бегалци“, изјави министерот за миграција Јоргос Кумуцакос за локалните медиуми.Тој додаде дека копното мора да покаже солидарност со пограничните региони кои го сносат товарот на приливот на мигранти.

Атина постојано во судир со Брисел околу мигрантската политика на ЕУ. Земјата, веќе загрозена од економските проблеми, е една од главните влезни точки за бегалците кои доаѓаат во Европа – и го носи товарот за сместување на десетици илјади баратели на азил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Лекарите и студентите по медицина протестираат во Нови Сад: „Ние преврзуваме, вие претепувате“

Објавено пред

Српската полиција во опрема за разбивање на демонстрации, поради чие присуство и грубо постапување неодамна беа организирани големи протести во Нови Сад, денес ја напушти зградата на Филозофскиот факултет за да се префрли во зградата на Универзитетскиот ректорат, како што објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку отишла во канцеларијата на ректоратот, која ја „окупирала“ по големиот студентски протест во саботата навечер, а на покана на ректорот“, објави порталот 021.рс.

Полицијата била на универзитетот 13 дена затоа што деканот повикал на интервенција, по што се заклучил во зградата и ги избркал студентите, според регионалниот медиум Н1, додавајќи дека по тоа започнале студентски и граѓански протести, за кои полицијата остро интервенирала за да ги смири.

Студентите веќе немаат пристап ниту до канцеларијата на ректоратот, во која влегла интервентната полиција на покана на деканот Дејан Мадиќ, па се заедно со некои незадоволни професори пред администрацијата на Универзитетот. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека состојбата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа е очигледно и од фактот дека 1.300 студенти се пријавиле за полагање на испитот и дека во зградата повеќе нема студенти во блокада, кои ги нарече блокатори.

„Никој не ме информираше за тоа, но фактот дека 1.300 студенти сакаат да влезат и дека повеќе нема блокади во самата зграда е доволен показател дека работите се нормализираат“, рече Станковиќ на телевизијата К1. Во Нови Сад, медицинските работници и студентите на Медицинскиот факултет денес протестираа пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ).

Протестот „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност што кулминираше пред три дена, за време на големиот митинг во Нови Сад, каде што полицајците не ги поштедија ниту медицинските лица кои им пружаа помош на повредените граѓани, па дури и приведоа лекар додека им пружаше помош, објави Н1.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Објавено пред

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.

dobivaj vesti na viber

„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.

Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.

Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.

фото: фејсбук

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Објавено пред

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.

Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Воз удри во автобус во Мексико Сити, најмалку осум мртви: објавена е снимка

Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа...

Европа4 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија4 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет6 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија7 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ10 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија10 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија11 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија11 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија11 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија15 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија15 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет1 ден

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија1 ден

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ1 ден

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија1 ден

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет1 ден

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет2 дена

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...