Македонија
Битола го празнува Денот на ослободувањето од фашизмот
Битола денес одбележува 75 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.
Како што информираат градските власти, денешните активности по овој повод почнале со прием на делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борците во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
„На средбата се разговараше за повеќе важни теми кои се однесуваат на заштитата на културно-историските споменици и спомен-обележјата подигнати во чест на загинатите борци, како и за повеќе активности во оваа насока кои ќе следуваат во идниот период, а се однесуваат на оддавање достојна почит на оние кои ги положија своите животи за денешната слобода на Битола“, се наведува во соопштението.
Чествувањето продолжи со положување цвеќе пред спомникот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола, каде покрај градоначалничката Петровска, претставници на Советот на Општина Битола и претставници на Сојузот на борци, присуствуваа и делегации од збратимените градови: Епинал и Херцег Нови, како и делегација од пријателската ппштина Конак од Измир, Турција, со која наскоро ќе се случи збратимување.
Градоначалничката Петровска испрати честитка до сите свои сограѓани, притоа нагласувајќи ја важноста на денешното делување за иднината:
„Денес е празник којшто многу ни значи, заради тоа шт, денешницата ја имаме токму заради тие луѓе којшто ја извојуваа победата во едни тешки времиња. Нека ни е честит празникот 4 Ноември и нека ни се множат уште многу години. Да сме здрави, живи и исполнети во нашите срца“, изјави градоначалничката.
Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

