Свет
Русија ќе помогне во разговорите за приклучување на СДФ кон сириската армија
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершинин, изјави дека Русија е подготвена да помогне во разговорите меѓу Курдите и Дамаск за курдските единици на Сириските демократски сили (СДФ), кои ќе ѝ се приклучат на армијата на сириската влада, пренесува „Спутник“.
„Повеќе пати рековме дека го поддржуваме дијалогот меѓу курдските претставници и централните власти во Дамаск и ги сметаме Курдите за составен дел на сириското општество“, рече Вершинин.
На прашањето дали е Русија подготвена да помогне во разговорите за курдските Единици за народна заштита од СДФ кои ќе се приклучат на сириската владина армија, Вершинин рече дека Москва е подготвена за ова од секој аспект.
Во исто време, руското Министерство за одбрана изјави дека со своите турски колеги ја почнале втората патрола во северозападна Сирија.
„На 5 ноември 2019 година втората заедничка патрола на руската воена полиција и турската гранична служба почна со работа во нов пограничен регион кој се наоѓа на неколку километри северно од Кобане. За прв пат ќе се одвива заедничка патрола по должина на новата рута“, се вели во соопштението на руското министерство, прецизирајќи дека трасата ќе биде долга над 160 км.
Граничните патроли возат оклопни возила, а во операцијата се вклучени осум единици воена опрема и околу 50 војници.
Кон крајот на октомври, СДФ најави целосно повлекување на трупите од пограничното подрачје меѓу Сирија и Турција. СДФ истакна дека на сириско-турската граница ќе бидат распоредени граничарите на сириската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

