Македонија
(Видео) Трајановски: Градската куќа се продаде поради зголемување од 30% на градската администрација за само 2 години

Ексградоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, праша кои се вистинските причини поради кои градоначалникот Петре Шилегов ја продаде новата Градска куќа за 12.7 милиони евра, со образложение, како што вели, дека таму не било место за Градската куќа.
„ 1.Градската куќа не ги собира партиските вработувања на СДСМ досега зголемени за околу 30% и затоа се бара нова поголема зграда. Ова г. Петре Шилегов го кажа при првата најава за продажба на Градската куќа. Имено, на 26.09.2019 велеше дека ќе собере само 360 вработени, а според проектот таа е предвидена за 620 вработени или за 50% повеќе од бројот на вработени во октомври 2017 година.
2.Чаршијата веќе знае дека тоа ќе биде зградата на ЕВН до Порта Македонија или зградата на „Технометал Вардар“. Едната нема паркинг-места, а другата има само 90 паркинг-места. Ја користам пригодата да го прашам г. Петре Шилегов дали е тоа точно?
3.Доколку тоа е точно, зошто менува нова за стара зграда и уште колку милиони евра ќе ги чини скопјани реконструкцијата на новокупената зграда за да ги вдоми до сега околу 150-те нови партиски вработувања и новите вработувања коишто следуваат следните години?
4.Градската куќа поседуваше подземен паркинг на 3 нивоа наменет за вработените, за службените возила и за гостите. А, сега ја менувате за зграда без паркинг. Каде сега ќе паркираат граѓаните кои имаа потреба да дојдат и да решат некој проблем во Град Скопје? Тоа ќе предизвика сообраќаен хаос во центарот на Скопје.
5. Повозрасните граѓани на Скопје воопшто не ги изненадува оваа продажба зашто се сеќаваат што се СДСМ му одзема, односно продаде, а беше имот на Градот Скопје. Во деведесеттите години ја продадоа Топлификација, која гледам сега се обидуваат повторно да ја вратат, но тоа многу ќе ги чини граѓаните на Градот Скопје.
Го продадоа ГТЦ со сите дуќани што ги има. Го продадоа и Скопски пазар, со многу дуќани на многу локации. Ги продадоа градските аптеки, една од најдоходовните дејности. Ги приватизираа градски гробишта Бутел. Ги одземаа становите и деловниот простор на ПУИК, којшто беше имот на Градот Скопје и којшто поседуваше повеќе од 10.000 станови и деловни простори.
Прашајте во Љубљана, во Загреб, во Белград и ќе видите дека овој имот е сопственост на соодветните градови. Затоа сметам дека Градската куќа не требаше да се продава. Тоа е голема грешка. Ваквите политики завршуваат на 12 април кога народот ќе ја изрече казната за сите лаги и невистини кои им ги сторивте овие 3 години“ истакна Трајановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.
„СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење? Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата? Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?“, праша Кузеска.
Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи, додаде таа, го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.
Македонија
Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски се огласи на социјалните мрежи откако ноќеска му беше запалено возилото.
„Да, возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, нити наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите.
Апелирам до министерот, и до Министерство за внатрешни работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша тој.
Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.