Контакт

Вести

Починатиот аргентински обвинител имал налог за апсење на претседателката Киршнер

Објавено пред

Аргентинскиот државен обвинител Алберто Нисман кој беше пронајден мртов минатиот месец според досегашните сознанија откако се самоубил со пиштол во својот стан во главниот град Буенос Аирес неколку часа пред сенатската комисија да го изложи предметот во кој се товари претседателката Кристина Фернандез де Киршнер поради забошотување на истрагата против ирански функционери за терористички чин за нападот од 1994 година врз Еврејското здружение AMIA во кој загинаа 85 луѓе, имал подготвен налог за апсење на претседателката, објави истражителката задолжена за овој случај.

dobivaj vesti na viber

Хартиите биле пронајдени во отпадот во станот на обвинителот Алберто Нисман, а неговите сопствености и имоти и натаму се истражуваат за да се пронајдат траги коишто ќе овозможат да се утврди дали овој татко на две деца извршил самоубиство или бил убиен.

На 20-ти јануари истратата соопшти дека не се пронајдени траги од насилна смрт на телото на обвинителот Алберто Нисман којбеше пронајден мртов во својот стан во елитната четврт на аргентинската престолнина Буенос Аирес неколку часа пред да го образложи пред пратениците во Конгресот барањето за покренување истрага против претседателката Кристина Киршнер за попречување на истрагата за терористичкиот напад. Истрагата, сепак, сé уште не извлекува заклучоци, очекувајќи ги резултатите од експертизата, меѓу другото и за присуство на барутни честички на рацете на обвинителот Алберто Нисман. Тој беше пронајден со прострелна рана во главата во бањата во неговиот апартман во елитната населба Пуерто Мадера во Буенос Аирес. Покрај неговото тело во бањата којашто била заклучена од внатрешната страна беше пронајден пиштол со калибар 22 мм и чаура. Како што подоцна беше објавено, оружјето по негово барање му било дадено од негов колега поради самоодбрана. Неодамна, во последното интервју, Нисман изјави дека работејќи на споменатиот случај во прашање е доведен неговиот живот.

Претходно беше објавено дека архивите на аргентинските безбедносни служби по смртта на обвинителот ќе бидат отворени. Одлуката е донесена по наредба на претседателската Кристина Фернандез де Киршнер.

Со оглед на сериозноста на обвинувањата, обвинителот Нисман требаше во понеделникот претпладне да се сретне со група пратеници а подоцна во текот на денот пред Конгресот да ги презентира доказите што ги собрал. Неговите сомневања се засновале на снимки од телефонски разговори, од коишто наводно произлегува дека владата преку официјални канали водело преговори за поволности за Аргентина при постигнување на ткн договор за „жито во замена за нафта“.

Обвинителот тврдеше дека еден од условите од овој договор било прекинување на истрагата за евентуална одговорност на петмина Иранци барани во Аргентина во врска со терористичкиот напад од 1994 година. За докажување на своите тврдења, Нисман планираше пред суд за сведочење да ги повика и претседателката Киршнер и министерот за надворешни работи Ектор Тимерман.

„Налогот (за апсење) е пронајден меѓу документите“, изјави за локалната радио станица Вивиена Феин, главната истражителка во случајот на смртта на обвинителот Нисман.

Налогот за апсењето на претседателката Киршнер, за кој влијателниот опозициски дневен весник „Clarin“ тврди дека Нисман го составил уште во јуни 2014 година, не бил вклучен во неговиот извештај од 350 страници до правосудните тела кој бил доставен пред неговата смрт. Наместо тоа, Нисман ја повикал Киршнер по тоа прашање да се соочат на суд.

Во понеделникот, канцеларијата на истражителката Феин негираше дека постојат документи кои содржат налог за апсење, а аргентинската влада пишувањето на локалните медиуми го опиша како валкано.

Шефот на кабинетот на министерот Хорхе Капитанич драматично ја искинал копијата од документот во текот на неговиот брифинг со новинарите. Меѓутоа, во вторникот навечер Геин изјави дека дошло до забуна меѓу неа и нејзината канцеларија и дека документот навистина постои. „Прописно се ставени во актите за случајот, ништо не недостига“, изјав Феин во врска со налогот за апсење.

Нисман ги обвини Кишнер и Тимерман за заговор за „обезбедување неказнивост“ за Иранците, кои Аргентина ги обвинува за учество во експлозијата. Покрај тоа, Нисман се обрати до судот со барање за испрашување на претседателката и шефот на дипломатијата, како и замрзнување на нивниот имот од околу 23 милиони американски долари.

Покрај тоа, обвинителот обвини уште неколку аргентински политичари блиски до актуелната влада. Според него, тие биле посредници во преговорите со Иран, во кои Аргентина на Техеран му предлагала жито во замена на испорака на нафта, којашто е нужно неопходна за разнишаната аргентинска економија.

Владата преку министерот за надворешни работи Ектор Тимерман категорички ги отфрли обвинувањата на Нисман и тврди дека целта на неговата акција е да се дестабилизира владата девет месеци пред одржувањето на првиот круг од претседателските избор. Исто така, и Техеран повеќепати ги отфрлаше таквите обвинувања.

Нисман една седмица пред да биде најден мртов побара отворање истрага против Киршнер поради попречување на работата на правосудните тела. Ја осомничи претседателката дека ја кочела истрагата во полза на Иран, чии високи функционери ги гони аргентинското правосудство.

Во 1994 година, две години по нападот врз израелската амбасадата во Буенос Аирес, во подметната експлозија во зградата на еврејската организација здружение AMIA (Argentine Israelite Mutual Association) во центарот на аргентинската престолнина загинаа 85 луѓе а 300 беа ранети./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија5 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија10 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија11 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ14 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија14 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија14 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ14 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија15 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ15 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа17 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион17 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа17 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет18 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет18 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија1 ден

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет1 ден

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...