Македонија
Мицкоски пред австрискиот амбасадор како најголем проблем го посочи криминалот на високи државни функционери
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, оствари средба со австрискиот амбасадор во земјата, Георг Вуцас.
Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, македонската европерспектива, стратешките определби на државата и предизвиците со кои се соочува земјата.
Мицкоски потенцирал дека основната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија е членството во Европската Унија, односно европеизација на државата и достигнување на западните стандарди.
Тој како предизвици со кои се соочува државата ги посочил криминалот и корупцијата на високи државни и партиски функционери од власта.
„Неказнивоста на случаите на висока корупција е голем проблем. За ‘Рекет 1’ и ‘Рекет 2’ и други случаи на висока корупција сè уште нема правна завршница. За да се врати владеењето на правото во Македонија, потребни се суштински реформи во правосудниот систем, реформи што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе кога ќе ја преземе власта во Македонија“, порачал партискиот лидер на средбата.
Соговорниците се согласиле дека се одлични односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Австрија и Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

