Спорт
Андре Гомеш по повредата: Се помина добро, дома сум, фала за поддршката!

Фудбалскиот свет стравуваше за кариерата на португалскиот фудбалски интернационалец, Андре Гомеш кој минатиот викенд се здоби со тешка скршеница на зглобот на ногата во меч за својот тим Евертон на дуелот со Тотенхем.
Од Евертон информираа дека операцијата поминала успешно и дека сега следува фазата на опоравувањето.
На социјалните мрежи се огласи и самиот фудбалер кој им се заблагодари на сите за поддршката. Гомеш ја напушти болницата и сега е дома, со своето семејство.
„Здраво на сите. Како што знаете, се помина многу добро. Веќе сум во мојот дом, со моето семејство. Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и за позитивната енергија“ – рече португалскиот фудбалер.
Thank you for your unconditional support! ?
Obrigado pelo vosso apoio incondicional! ?
¡Muchas gracias por todo vuestro apoyo! ? pic.twitter.com/KEz31pvWD2
— André Gomes (@aftgomes) November 6, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026.
Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред.
„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, противникот имаше големо влијание со својот квалитет, имавме и т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се фокусираме на следниот меч со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски на прес – конференцијата.
Македонија ќе го пречека Казахстан во понеделник, со цел да го задржи лидерското место и да го продолжи сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET