Македонија
Заев: „Граматика на современиот ромски јазик“ e капитално дело и основа за образованието во иднина
Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот задолжен за Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам, се обратија на промоцијата на „Граматика на современиот ромски јазик“, а по повод Светскиот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември.
Во своето обраќање Заев истакна дека една од суштинските димензии на инклузивните општества е толеранцијата, почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност.
„Како општество еднакво за сите, се препознаваат, почитуваат и слават повеќекратни и разновидни идентитети. Кога ја славиме различноста и афирмацијата на разликите, создаваме општество на кое му се туѓи дискриминацијата и предрасудите“, рече премиерот Заев и додаде дека „Граматиката на современиот ромски јазик“ е капитално дело што може да послужи како основа во создавањето материјали наменети за училишната практика во образовниот процес.
Министерот задолжен за Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам, истакна дека основните особености на еден народ секогаш биле неговото културно наследство, неговото писмо и над сé јазикот како основно средство за меѓусебна комуникација.
„Можам слободно да заклучам дека успеавме, граѓаните успеаја, Владата успеа во обидот да изгради инклузивно општество за сите, општество каде повеќе ќе нема поделби врз основа на нација, вера, раса, пол, општество каде секој граѓанин ќе се чувствува еднаков и рамноправен, успеавме да ги затвориме портите на национализмот, алатка која мошне вешто и итро ја употребуваше претходната владејачка гарнитура“, истакна Бајрам на промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Тошковски претседаваше со конститутивната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес како претседавач на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, присуствуваше на конститутивната седница на комитетот која се одржа во просториите на Центарот за управување со кризи.
На седницата присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
На средбата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информираше за мигрантската кризна состојба на јужната и северната граница, кризната состојба во КПУ „Идризово“, како и за бројот на пожари на отворен простор и ресурсите за нивно гаснење.
„Продолжуваме посветено да работиме на надминување на овие предизвици, обезбедување брза и ефикасна реакција во кризните ситуации, се со цел поголема безбедност за нашите граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Средба Муцунски –Лудва: изразен интерес за искористување на потенцијалот за натамошно развивање на економската соработка меѓу двете земји
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
На средбата беше истакнато взаемно задоволство од одбележувањето на 30-години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со развиена соработка во многу сфери и отворен и продлабочен дијалог по сите клучни прашања за двете земји.
Министерот Муцунски се заблагодари за силната чешка поддршка за процесот за интеграција на нашата земја во ЕУ, особено нагласена и преку Вишеградската и Групата на пријатели на проширувањето, како и преку т.н. Славков формат. Притоа, ја потенцира цврстата определба на новата влада за забрзување на евроинтеграцискиот процес и спроведување на клучните реформи.
Министерот изрази интерес за искористување на потенцијалот за натамошно развивање на економската соработка меѓу двете земји во повеќе области, меѓи кои и во енергетскиот сектор и земјоделството. Притоа, изразувајќи задоволство од порастот на трговската размена во изминатите години, Муцунски ја нагласи важноста од натамошен фокус на унапредувањето на бизнис релациите, што ќе биде меѓу приоритетите на Министерството во следниот период.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.