Контакт

Македонија

(Видео) Владата го почна процесот за воведување на медиумската писменост во образовниот процес

Објавено пред

Владата во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), со поддршка на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), денеска, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ организира дебата со наслов „Воведување на медиумската писменост во образованието“, на која учествуваа голем број ученици, професори, претставници на граѓански организации и експерти од оваа област.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за суштинското значење на медиумската писменост и медиумската култура, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, истакна дека употребата на модерните, социјални медиуми, интернетот, кои денеска се одлика на секој млад човек, го отвора прашањето за тоа како информациите се прифаќаат од оние што ги примаат и дали тие се проверуваат.

Тој образложи податоци, според кои, од 86 проценти од домаќинствата што користат интернет, 73 проценти се изјасниле дека тоа го прават секојдневно, 83 проценти од популацијата што користи интернет не ги проверува фактите што ги прочитале.

„Тоа го отвора прашањето да најдеме начин на граѓаните да им помогнеме, да ги информираме, дека треба да ги детектираат дезинформациите и лажните вести со кои секојдневно се бомбардирани“, рече министерот Поповски.

Како што рече, од една страна, интернетот носи брза комуникација, отвореност и пристапност, заштита на слободата на изразување и на сите човекови права, но, од друга, интернетот може да значи радикализам, национализам, говор на омраза и напад на секоја единка и целото општество.

„Лажните вести се оценуваат како современо оружје за масовно уништување со таргет на семејството, пријателите, заедницата и тоа претставува глобален проблем“, додаде Поповски потсетувајќи дека и денешната дискусија и вклучувањето на сите релевантни институции и фактори, ќе помогне во изнаоѓање решенија и модули за зајакнување на медиумската писменост и култура не само кај младите туку и кај постарата популација.

Министерот за образование и наука, Арбeр Адеми, во своето обраќање се задржа на важноста на системот на формалното и неформалното образование и неговата структурна поставеност на генерациите што се стекнуваат со креативни, информатички, претприемачки и други вештини во текот на своето школување.

,,Владата се труди националниот образовен систем да биде сеопфатен и, секако, постојано ажуриран, од аспект на следење и воведување на најновите глобални образовни трендови и текови на национално ниво“, истакна министерот Адеми посочувајќи дека фокусот е на креирањето квалитетен механизам во рамките на образовниот систем, кој медиумски ќе ги описменува учениците и ќе создава индивидуи кои уште од рана возраст ќе знаат да препознаваат лажни вести и критички ќе ги селектираат информациите препознавајќи манипулации и правејќи разлика за она што е вистинито.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, политичкиот советник Феручо Бого, ја истакна поддршката што ја дава Европската Унија по ова прашање и ја истакна важноста да се разговара за интернетот како средство за комуникација и за потребата да се информира за концептот на медиумската писменост, односно да се јакне способноста за откривање на вистинските вести притоа почитувајќи ги основните вредности на општеството.

„Mедиумската писменост заедно со писменоста како базична јазична компетенција во најопшта смисла на зборот одат во прилог на целокупното развивање на младите личности, кои се формираат во рамките на образовниот процес“, рече директорот на Бирото за образование, Зекирија Хасипи, осврнувајќи се на начините на кои нашиот образовен систем се справува со темите од медиумска писменост и како ги создава знаењата и вештините кај нашите ученици.

Присутните наставници, професори и средношколци покажаа голем интерес за темата и ги изнесоа своите критички размислувања за унапредување на наставните програми, учебниците и образовниот систем сугерирајќи како да се коригираат одредени недостатоци.

Владините претставници изразија задоволство од отворената дебата констатирајќи дека јавните дискусии се организираат за да се чујат ставовите на сите инволвирани со цел да се најдат најдобрите заеднички решенија.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во денешното соопштение од партијата се наведува дека преку Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, со која раководела Лидија Димова, биле доделени 200 илјади евра на проект на професорот Љубомир Фрчкоски.

„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи“ се наведува.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Еразмус+ бил користен за „плаќање судии, професори и експерти блиски до власта“ и дека тоа е уште еден пример за, како што велат, злоупотреба на институциите за партиски интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Објавено пред

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал ниту еден проект за општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

„Дваесет години Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него. Денес гледаме глума и празни зборови“, стои во соопштението.

Од ВЛЕН додаваат дека Османи не е кандидат за Чаир, туку за сопствена кариера и дека граѓаните на општината очекуваат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Во реакцијата се наведува и дека младите во ДУИ се приклучуваат кон ВЛЕН, каде, како што велат, гледаат визија и перспектива.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

Објавено пред

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

dobivaj vesti na viber

Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.

Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија16 минути

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија2 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Свет3 часа

Трамп не им кажал на сојузниците во Европа какви отстапки би можел да направи Путин

По средбата во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со европските лидери, но не прецизираше какви отстапки би можел да...

Свет3 часа

Зеленски го отфрли планот на Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел...

Регион3 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија16 часа

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија18 часа

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија21 час

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија23 часа

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија23 часа

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија1 ден

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија1 ден

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет1 ден

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет1 ден

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет1 ден

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет2 дена

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...

Свет2 дена

(Видео) Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет2 дена

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...