Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Половина од пензионерите во земјата се на граница на економско опстојување

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, и стратешкиот соработник Лазар Јовевски, се сретна со пензионерите.
На средбата, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите го искажале своето незадоволство од политиките што Владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат изминатите речиси три години.
„Пензионерите нагласија дека СДСМ и Заев ги излажале и манипулирале кога ветувале дека ќе го подобрат нивниот стандард и ќе ги покачат пензиите посочувајќи го и последното покачување на пензиите од 36 денари додавајќи дека се чувствуваат понижени и изневерени од страна на Заев и СДСМ“, се вели во соопштението на партијата.
Како што беше истакнато, тие се чувствуваат манипулирани и во однос на методологијата за пресметка на волоризација на пензиите и во однос на пензиската членарина што ја користат пензиските организации.
На средбата беше констатирано дека речиси 40 отсто од пензионерите во Република Македонија земаат под 12.000 денари пензија, односно дека половина од пензионерите се на граница на економското опстојување, дури и под таа граница.
Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе низа проекти и мерки за оваа група граѓани, но, како што посочија пензионерите на средбата, Владата на СДСМ, Заев и Царовска ги укинале не водејќи грижа за пензионерите.
ВМРО-ДПМНЕ ветува дека со формирање на новата влада ќе воведат мерки и проекти за сите категории граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите и нивните потреби и барања за подобар, поквалитетен и повисок стандард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека бројката може да се зголеми до крајот на денот.
Ангелов упати нов апел до граѓаните, особено до земјоделците и сточарите, да бидат исклучително внимателни додека ги извршуваат своите активности во овој критичен период.
Најтежок за гаснење и натаму е пожарот што со денови гори во „Јасен“. Според Ангелов, едниот крак бил ставен под контрола во ноќна битка со огнот, при што била спречена негова експанзија кон селото Брезница.
„Не дозволивме пожарот да премине преку шумски пат, со што понатаму ќе беше загрозено селото. Исчистени беа дрвјата долж патот и линијата беше гаснета целосно. Благодарение на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), пожарникарите од Македонски Брод и вработените во ‘Јасен’, овој крак е стопиран“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека состојбата на другата страна на гребенот, кон езерото Козјак, е многу потешка поради непристапниот терен. Таму пожарот се движи, а очекувањата се дека ќе биде стопиран кај карпестиот предел, а за таа цел таму поставени се надлежните служби.
Покрај „Јасен“, активни пожари се регистрирани и во Лозово, каде што гори шумска површина, во Долнени – со пожар на ниска вегетација, како и во Куманово, во атарот на селото Липково, каде што активни се два пожари, од кои едниот е реактивиран.
Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.