Европа
Италијанката која го преживеа Аушвиц добива 200 закани на ден и ја чува полиција

Осумдесет и деветгодишната Италијанка која го преживеа Аушвиц е под полициска заштита бидејќи добива околу 200 закани на ден.
Лилиани Сегре, која имала 13 години кога била депортирана во Аушвиц, е доживотна сенаторка која го предводеше создавањето на италијанскиот парламентарен одбор против омраза, расизам и антисемитизам, локално познат како Комисијата на Сегре, пренесува Си-ен-ен.
Таа почнала секој ден да прима околу 200 закани или агресивни вербални напади преку социјалните мрежи, соопштија од центарот Чентро ди документационе ебраика контемпорана (ЦДЕК) со седиште во Милано, Италија.
„Секојпат кога угледни Евреи ќе се најдат во центарот на медиумското внимание во Италија, тие подлежат на антисемитски напади на социјалните мрежи“, рече Стефано Гати од ЦДЕК.
Сегре почнаа да ја чуваат двајца полицајци, откако екстремните десничари, членови на партијата Форца Нуова, поставија транспарент во Милано, каде што таа беше заради еден настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.