Македонија
(Видео) Јанушев: Заев и Рашковски лажат дека фирма конкурирала за бизнис за да нема никаков ќар
Зоран Заев и Драги Рашковски зајдоа во криминал и корупција, па уште хеликоптери им фалат, рече на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој и денеска зборуваше за Системите за итна хеликоптерска медицинска помош и спасување (САР и ХЕМС).
Како што рече тој, инволвираните ги лажат и новинарите и јавноста дека фирмата стара 24 дена пред да биде распишан тендерот, всушност конкурирала за монополскиот бизнис за да нема никаков ќар.
„Ако ова не е потценување и понижување и на медиумите и на граѓаните, тогаш навистина не знаеме што е. Има ли бизнис што го почнале Вице Заев или Трајче Заев, а знаеле дека во него нема профит? Ете во тоа нè убедуваше Рашковски. Дека било нормално фирма да влезе во бизнис, без да има добивка. Доколку државата нема никаков трошок, а фирмата сама треба да се грижи за покривање на трошоците, зошто тогаш на фирмата би ѝ требало јавно приватно партнерство, а не би стартувала сама“, јавно праша генералниот секретар на опозициската партија.
Според него, се кријат фактите во надеж дека јавноста ќе престане да прашува каде ќе завршат 72 милиони евра, но како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да бара одговори.
„Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години? Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект? Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата? Кои се другите иновативни методи за наплата на 9 милиони евра?“, се дел од прашањата кои ги упати Јанушев.
Тој вели дека јасно е оти овие 72 милиони евра ќе отидат во нечиј џеб.
„Затоа Заев нè убедува дека тоа немало да бидат од буџетот, но најверојатно ќе бидат од патарини или авионски карти. Значи не по врат, по шија“, оцени претставникот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека веќе постојат две издвоени мислења во однос на сомнителната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

