Македонија
Инспекторите на терен – ќе откриваат кој го загадува воздухот и кој предизвикува пожари

Поради зголеменото загадување и квалитетот на амбиенталниот воздух, Владата издаде насоки на дејствување до одредени надлежни институции и направи распределба на инспекциските надлежности на инспекциските служби за животна средина на централно и локално ниво.
Во наредниот период овластените општински инспектори за животна средина, комуналните инспектори, како и градежните инспектори, ќе вршат вонредни инспекциски надзори во инсталациите што подлежат на Б-интегрирани дозволи и елаборати за животна средина, секаде каде што има значителни емисии во амбиенталниот воздух.
Воведени се двосменски дежурства за што е направен распоред на расположивите човечки ресурси (инспектор за животна средина, комуналени инспектори и други службени лица од Инспекторатот) за попладневни дежурства и дежурства во деновите од викендот, при што е потребно постојана придружба, односно тимска работа заедно со униформираните лица од Полициската станица од општа надлежност на МВР Битола.
„Општинскиот инспекторат во Битола постојано дејствува на терен и веќе се преземени конкретни активности за лицата што се затекнати на самото место како палат стрништа, а во дел од случаите на терен дејствувала и територијалната противпожарна единица. Општина Битола, со цел да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух, а истовремено секој да даде свој придонес кон оваа појава, апелира до граѓаните на општина Битола за огрев во своите домови да не користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла за индивидуално затоплување, паркети, стари дограми итн. Користењето несоодветни средства за огрев е штетно не само за околината туку и за воздухот и загадувањето во нивните домови, кое директно влијае врз сите членови на семејството.
Општина Битола ги потсетува граѓаните дека е забрането палење стрништа и оган на отворен простор. Лицата што ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или, пак, поади невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување пожари, претстојат кривични пријави и предвидени се глоби и законски казни. Општина Битола е во постојана комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“ во насока на превентивно дејствување и спречување појава на шумски пожари. Доколку граѓаните забележат каква било опасност од пожар или какво било прекумерно загадување на животната средина, да се јават во Општинскиот инспекторат во Битола“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.