Регион
Вучиќ на гости кај Макрон: Ќе го прашам кој може да влезе во ЕУ

Србија продолжува со реформите заради своите граѓани и нејзината иднина, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Женева, каде што учествуваше на стратешкиот дијалог за Западен Балкан, во организација на Светскиот економски форум. Тој додаде дека не можел да добие одговор од претставниците на светските центри на политичката моќ на прашањето каква е иднината на регионот.
„На прашањето каква е нашата иднина, тие не беа во можност да одговорат“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател за понеделник најави нова средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, во Париз, и рече дека ќе го праша кој може да влезе во ЕУ.
„Важно е ЕУ да одлучи за понатамошниот европски пат за земјите од Западен Балкан. Важно беше да се слушне од разни делови на Европа дека треба да се донесе некоја одлука во врска со нашиот регион. За мене беше многу важно в понеделник или во вторник да се сретнам со Макрон“, рече српскиот претседател. Вучиќ истакна дека треба да се донесе одлука за тоа кој може бргу да влезе во ЕУ, а кој не може, или дали може да се добие пристап до структурните фондови ако се затворат или отворат поглавјата, или за припадноста на единствениот економски пазар.
„Оној што не гледа дека сме ѝ потребни на ЕУ исто колку и таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика“, рече претседателот на Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.