Македонија
(Видео) Царовска: За само две години платите во образованието СДСМ ги покачи за 2.150 денари

На граѓанската трибина во Охрид, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека е срамно тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ земаат дневници во Собранието а не гласаат за покачување на минималната плата и законот за раст на платите.
„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробеше државата, земаа од најсирмашните, ги дисркиминираа а денеска не можат ниту конструктивна опозиција да бидат, особено кога интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот. Во Собранието земаат дневници нивните пратеници не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите. Срамно е тоа однесување“, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на вечерашната граѓанска трибина во Охрид.
„Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10%, односно покачувањето за вкупно 20% биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедиле покачување на платите а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари!“, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.