Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата
Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да ѝ се платат огромни 72 милиони евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата. Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста:
Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?
Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект?
Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата?
Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста.
Нетранспарентноста на владата и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра.
Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила.
Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните.
Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон“ велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби обезбедување средства за привремена депонија во Кочани
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одбија уште еден амандман на СДСМ, со кој се бараше да се обезбедат средства за нова времена депонија во општина Кочани. Оваа депонија треба да функционира додека да се реши проблемот со регионалната депонија, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.
– Бараме финансиските средства да бидат обезбедени уште веднаш, во месец јануари 20205 година, со цел дислокација на постоечката депонија којашто ја има општината во моментов и која направи сериозно загадување на Кочани и регионот, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека новата времена депонија во однос на градежните работи не бара големи градежни зафати, освен да се одреди локација меѓу општината Кочани и Министерството за животна средина и заедно со Јавното претпријатие во Кочани, за да се најде најповолна локација.
– Треба само да е направи оградување на локацијата, да биде погодна во делот на транспортот и да биде над градот, за да не се спушта чадот, мирисот и сметот и да се загадува општина Кочани, рече Бочварски.
Македонија
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување
Директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, д-р Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување.
Директорката на Архивот, Котлар рече дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.
Директорот на Фондот, Мемов потенцира дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.
Исто така, беше констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.
Македонија
Нема оправдување за насилството врз жените и девојчињата
Северна Македонија постигна голем напредок во однос на политиката поврзана со намалување и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата. Но, треба да се направи уште за да се обезбеди ефективна имплементација на овие политики, а и за промена на општественото однесување. Ова беше заклучокот од дискусијата што беше организирана вчера на почетокот на годинешната заедничка кампања за 16-те дена активизам за елиминирање на насилството насочено кон жените и девојчињата, во организација на Обединетите нации, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД и многу други домашни и меѓународни партнери.
Покрај дискусијата, првиот настан од кампањата опфати и отворање уметничка изложба „Лузни на издржливоста, гласови на надежта“ на Мартина Спасовска и прикажување кратки документарни видеа.
„Насилството врз жените и девојчињата е сериозен проблем. Насилството се јавува во сите делови на општеството, во секоја култура и општествена група и претставува злоупотреба на моќта, која има разурнувачки, физички, емоционален, финансиски и социјален ефект врз жените и девојчињата. Насилството ги загрозува развојот, здравјето, основните права, достоинство и добросостојбата на жените и девојчињата жртви на насилство“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади. „За Министерството и Владата на Република Северна Македонија приоритет е брза, ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, нивна интеграција во системот, како и обезбедување на превенција од насилство врз жени и девојчиња“.
Кога зборуваме за насилство врз жени и девојчиња, повеќето од луѓето веднаш помислуваат на физичко насилство. Но, реалноста е дека жените и девојките се соочуваат со разни форми на насилство, од вербално, психичко, сексуално до социоекономско и онлајн-насилство.
„Родовото насилство не прави дискриминација, тоа е еднакво распространето во сите области, на сите возрасти, нивоа на образование, социјални структури или економско богатство. Главната работа во врска со насилството врз жените и девојчињата е дека за да функционираат службите, сите ние треба да направиме нешто за тоа. Не е доволно да се воспостават законите и механизмите. Не е доволно министерствата и Владата да си го одработат својот дел. Сите ние треба да се вклучиме за да го избркаме родовото насилство од сите пори на општеството“, изјави Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.
Клучен пристап во кампањата е да се создаде платформа за обединување, така што секој што може да се идентификува со каузата може да се придружи и да помогне во ширењето на веста за потребата да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата.
„Сите ние треба да направиме повеќе и подобро за зголемување на учеството на жените на пазарот на труд, намалување на родовиот јаз во платите, зголемување на учеството на жените во лидерството и во борбата против родово базираното насилство“, вели Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. „Зголемувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените не е само вредност или принцип. Тоа е начин да се спротивстави на родовото насилство. Студиите постојано покажуваат дека ставањето крај на родовата пристрасност, дискриминацијата и нееднаквоста се ефективни чекори за намалување на насилството врз жените и девојчињата“.
Годинешната кампања се усогласува со претстојниот преглед Пекинг + 30 нагласувајќи ја итноста на одговорност, вклучително и држење на сторителите одговорни и забрзување на националните стратегии со добро ресурси и финансирање на движењата за правата на жените.
Главниот приоритет на годинешната кампања на локално ниво е исто така да инспирира промени кон зајакнати услуги, кои одговараат на жртвите на родово базирано насилство.
„Северна Македонија има силна правна рамка, која се однесува на насилството врз жените и девојчињата; Кривичниот законик беше изменет за подобра заштита на преживеаните од семејно насилство и криминализирање фемицид, следење, сексуално вознемирување“, потенцира Сузан Пенкса, заменик-шеф на мисијата во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Предизвикот лежи во менувањето на општествените ставови и обезбедувањето ефективно спроведување на законите“.
Покрај обезбедувањето обединета платформа за дејствување против насилството насочено кон жените и девојчињата, друг важен аспект на оваа глобална кампања е идентификување и споделување решенија што даваат поголеми резултати.
„Франција се справува со сите форми на родово засновано насилство врз жените и девојчињата, вклучително и онлајн-насилството и насилството за време на конфликти, и оние што ги трпат феминистичките активисти и организации. Постојат две нивоа на дејствување: посветено застапување во мултилатерални организации и на ниво на ЕУ за развој на амбициозни стандарди и посветени позиции во корист на унапредување на правата на жените; и поддршка за граѓанските организации, клучните играчи во борбата против насилството, кои покриваат и организации од Северна Македонија како корисници на овој посебен фонд“, рече Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република во Северна Македонија.
Кампањата исто така има цел да ги мобилизира сојузниците, особено мажите и адолесцентите, кои заземаат активен став против родово базираното насилство и фрлаат светлина врз преносот на насилство меѓу генерациите.
„Родовото насилство бара пристап на целото општество. Медиумите играат клучна улога во објаснувањето дека родовото насилство не е само физичко насилство. Треба да го погледнеме од сите агли бидејќи родовото насилство има разни форми и особено имајќи предвид дека нашите животи се сè повеќе дигитални, од клевета преку интернет, до задржување ресурси, до контрола на слободното време и движењето, до безбедност на јавните простори. Граѓанското општество секако игра клучна улога за подигање на свеста, нудење услуги или, едноставно, за лобирање на институциите за создавање и спроведување општество без насилство“, вели Даниел Филер, заменик-шеф на мисијата во британската амбасада во Скопје.
16 дена активизам е меѓународна кампања, која се одржува секоја година почнувајќи на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а завршува на 10 декември, Денот на човековите права. Оваа кампања е најдобар пример како луѓето и организациите може и треба да ги здружат силите за да се справат со општествените прашања, кои не припаѓаат во ова време, ниту во иднина.